ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Даваме шанса на младите, на новата енергија, сигурно е дека на 17 октомври ќе се случи по Коста – Костадин

September 29, 2021 21:59
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ не би била СДСМ ако не предводи во промените. Даваме шанса на младите, на новата енергија што бухти во нив, кај младите, на желбата и тие на свој авангарден начин да се вградат во сегашноста и иднината. Тешко беше да се донесе одлуката за избор на кандидат за градоначалник на општина Струмица. Одлучивме да дадеме шанса на Костадин Костадинов, дадовме предност на младоста. Повеќе од сигурно е дека на 17 октомври ќе се случи по СДСМ – СДСМ, по Коста – Костадин, порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, вечерва од Струмица. 

Процесот на давање на шанса на младите, нагласи Заев е веќе почнат секаде низ државата и на голем број раководни позиции поставивме млади кадри со што им ја доверуваме одговорноста за сегашноста и иднината на нашата држава.

– Костадин веќе ни е близок и добро познат на сите. Го запознавме и како в.д. градоначалник, и како пратеник и како портпарол на СДСМ. Тој е постојано на терен, лесно достапен, приземјен, комуникативен, служи на граѓаните, човек од доверба, чесен, искрен, млад а веќе домаќин…. Костадин е запознаен со проблемите со јасен план и решенија за најдоброто за струмичани и Струмица. Костадин е еднакво близок со сите граѓани, не ги дели луѓето по ниеден основ, порача Заев.

Кога го гледам Костадин Костадинов, рече Заев, како да се гледам самиот себе и верувам во него и сите 23 кандидати од советничката листа на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

– Јас станав градоначалник на 30 години, а и тој е тука некаде. И тој минува слични скалила, полн и со енергија, младешки дух и желба своите капацитети да ги вложи во доброто на својот град и своите сограѓани на дело. Впрочем, тој се покажа мошне успешен во менаџирањето со општината уште во времето на неговото десет месечно извршување на функцијата в.д. градоначалник, порача Заев.

Сите 23 кандидати за советници, посочи Заев, се докажани во своите средини и се верни поборници за најдоброто во општина Струмица.

– Затоа со право можам да кажам дека оваа наша понуда до граѓаните е најдоброто за нашата општина. И немам дилема – Костадин Костадинов ќе биде новиот градоначалник на Струмица, а на чело со Маријан Даскаловски и овие луѓе ќе го предводиме и новиот Совет во општина Струмица, порача Заев.

Коалицијата предводена од СДСМ денеска ја претстави изборната кампања „Најдоброто за мојата општина“ во Ново Село, Босилово, Василево.

На граѓанската трибина во општина Струмица, Заев најави дека ќе воведат навистина дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана брза ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, како и соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник во кабинетот на градоначалникот. 

извор: МИА
Next Post

Заев од Струмица: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за некаква нова иднина – стара режимска матрица и нова идина не одат заедно

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Проширувањето на ЕУ е реална можност во наредните години

November 4, 2025

Извештај на ЕК: Северна Македонија со стратешки избор, но потребни се брзи реформи и уставни измени

November 4, 2025
фото: Димитар Атанасоски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk