ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Европејците се, објективно, збудалени

September 30, 2021 08:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Уште претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, завчера, неслетана во Скопје за лично да нѐ увери дека ЕУ останува посветена на проширување на членството кон Западниот Балкан, од Брисел „пристигна“ анализата на Ројтерс дека тамошни високи дипломатски извори ги брифираат „заинтересираните“ дека ЕУ повеќе не е согласна за повторување на гаранциите за членството на балканските кандидати за влегување во Унијата…

Потоа, уште комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархељи, вчера, неслетан во Скопје за да разговара со овдешното државно раководство за новите детали за надминување на бугарската блокада за почеток на нашите преговори со ЕУ, бриселската агенција ЕУ Обсервер објави интерен документ на земјите членки во ЕУ во кој се доведува во прашање слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан (и неколку други)…

Нам оваа европска реалност, ова бриселско „шутирање под маса“ на тамошните кујни и замешателства ни е добро познато, со години наназад, уште од 1992 и Лисабонската декларација (памтите, кога ЕУ не сакаше ни да чуе за „Македонија“), па и од јуни 2003, по усвоената „Солунска агенда за Западен Балкан“ со која ЕУ ја потврди интегративната перспектива за земјите од регионот. Процесот веќе две-три децении се одвива прва-рикверц-прва, па рикверц, со сите дадени и прегазени ветувања од Брисел, често со добра „регионална“ причина, но не ретко заради бунилото на самата Унија која денеска не знае „что делает“ ни со себе, ни вон себе. Европејците се, објективно, збудалени.

А, што ни е нам да чиниме?

Прилично она што и до сега го правиме. Надлежните министри (Димитров, Османи) да се навреме растрчани по континентов за да бидеме во тек што и кој нам ни крои. Со соседите да се целиваме и за наше, а не само за европско добро – со Бугарија прегратката отсекогаш ни е повеќе боречка од срдечна, ама сега во гушкањето не сме сами, па да видиме од тоа кој-за-врат-кој-за-шија што ќе излезе… Што се однесува до домашната (европска) реформска агенда, пак, хартијата и до сега трпеше сѐ, делата се оние кои говорат до каде ни е „чергата“, а таа ни е редовно покуса за да ни ги покрие и нозете на овие балкански ветрометини.

Нормално, и последниве европски компликации ќе ги засилат домашните националистички агенди, тој антички хор од расплакани Македонци врз судбината на „нацијата која исчезнува“, понижена, навредена, поделена, посрамена итн. Нив ни Александар Македонски да стане од таму кај што му лежат коските – ене го, нели, ондека, кај Исар, во село Марвинци! – не би можел да ги убеди дека самостојната и независна Република Северна Македонија е државен факт што нема да исчезне затоа што некој европски политичар се плаши од нов бран од бегалци… Тешко е да станеш членка на ОН, напорно е да го изодиш патот да те примат во НАТО, уште повеќе и во ЕУ, ама е речиси невозможно таа „тапија“ да ја снема затоа што некој е во постојана паника од „геостратегиите“ чијшто активен дел, токму благодарејќи на нашата сегашна државност, сме и самите ние.

Во Скопје, фон дер Лајен се заложи за „што поскоро целосно отворање на пристапни преговори со Северна Македонија“ и нѐ повика „да не губиме верба“ во ЕУ.

Па, ние сме познати атерџии! Каде ќе ни беше крајот да се предававме на секоја досегашна сопка од Брисел…

 


Преземено од Цивил Медиа. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk