Честитки до ДЗС за пописот, бидејќи беше сложена и тешка операција, која првпат се случува после 20 години и со нова методологија на Евростат, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на „Утрински брифинг“.
Тој кажа дека имало и политички проблеми, но и технички проблеми и хакерски напади, ама и покрај тоа очекува денеска ДЗС да каже дека пописот е успешно завршен.
-Податоците што ги има ДЗС треба да се обработат и има одреден период да се заврши таа операција. Само партијата Левица повикуваше на бојкот, но тоа немаше ефект. Имаше индивидуални членови на партијата кои одбија да се попишат. тие се евидентирани, но бидејќи одбија доброволно да учествуваат, законот предвидува прекршочни глоби и ќе видиме ДЗС како ќе постапи. Малку се на број и нема да дадат удар на генералната слика за успешен попис, кажа Маричиќ.
Тој дополни дека треба време за обработка на податоците, поточно шест месеци и додаде дека не може да има секој пристап до таа база што допрва треба да се сумира.