ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за нерамномерниот развој на Скопје, а Арсовска е кандидат на „Белата Палата“

September 30, 2021 13:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter
ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно што го развиваше само центарот на Скопје со мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, каде што на 1 километар квадратен вложи над 700 милиони евра во барок, споменици и градби кои сега се распаѓаат, велат од СДСМ во соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за сечење на зеленилото и бетонизацијата на Скопје и Водно, како и за урбанистички хаос создаден со гласање на урбанистички планови за задоволување на апетитите на урбаната мафија на Груевски. ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за нерамномерниот развој во Скопје, затоа што не инвестираше во периферијата, туку инвестираше стотици милиони евра во партиски музеи, партиски плоштади, партиски цркви и партиска „Бела палата“ – споменик на урбаната мафија во Скопје“
– ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно не само за зголемениот јаз меѓу центарот и периферијата, туку и за создавање поделби и конфликти меѓу скопјани од левата и десната страна на Вардар. Благодарение токму на напорите на градската администрација на градоначалникот Петре Шилегов, развојот на Скопје сега е порамномерен – не само меѓу центарот и периферијата, туку и помеѓу левата и десната страна на Вардар, кои сега се поповрзани и позближени.
– И Ѓорче Петров – општината на Данела Арсовска – беше комплетно запоставена кога Груевски беше преокупиран со споменици, галии, восочни фигури, барокни фасади, плацови на Водно за „згради-мади“. Најголемите капитални инвестиции беа од урбаниот мафијаш Сеад Кочан – бизнис партнерот на Груевски и заменикот на Данела Арсовска во ССК, кој сега издржува затворска казна. За разлика од тогаш, сега во Ѓорче Петров се градат и реконструираат улици, велосипедски и пешачки патеки, се градат нови зелени површини, се расчистуваат депонии, се подобрува водоводната и канализациона мрежа, се реконстрираат и опремуваат училишта, итн, велат од СДСМ.
Реконструиирани се над 4 километри улици (Ул. Ѓорче Петров, Ул. 4 јули, ул. Даутица ул. Стефан Филипович,  ул. Пекњане, ул. Панко Брашнаров, ул. Исаја Маџоски,  ул. Црногорска, ул 63 и ул. 65 – Волково), има нови и реконструирани велосипедски и пешачки тротоари (Ул. Ѓорче Петров и Ул. 4 јули), 1.800 метри реконструирана патека на Кејот на Вардар (кај очната болница). Има 6.400 m2 нови и реконструирани зелени површини, илјадници нови садници, а расчистени се и депониите во Ново Село и Ѓорче Петров – Клучка Словенија-Волково. Инвестирани се 36 милиони денари изградба на подобрување на водоводната и канализационата мрежа и 5,5 мил денари во училиштето Кочо Рацин (кое сега се реконструира), каде што се обезбедени и прочистувачи на воздух за секоја училница. Скопје веќе не е за едни мајка, а за други маќеа, како што беше кога урбаните мафијаши од ВМРО-ДПМНЕ го бетонираа Скопје со мегаломаскиот проект „Скопје 2014“, кој ги продлабочи поделбите, конфликтите и разликите помеѓу центарот и периферијата на Скопје, стои во соопштението на СДСМ.
Next Post

ИЈЗ: Две деца и маж добиле воспаление на мозокот од западнонилска треска

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk