Имало пари, ама се трошеа на плами, споменици, а не на приоритетите на граѓаните, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од митингот во општина Илинден. Тој изрази увереност во победа на претстојните локални избори, бидејќи, како што вели, патот е трасиран и за него има поддршка од граѓаните. Николовски дополни дека и покрај тоа што општината е предводена од кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Владата ги поддржала проектите во Илинден преку единаесет програми.
-Ова е Влада која се занимава и се грижи за секој регион, подеднакво да се развиваат малите и големите места. Не ги двоиме општините кога станува збор за проектите за развој, Владата поддржа проекти преку 11 различни програми за општина Илинден, како што се 5,5, милиони евра во над 10 километри патна инфраструктура, реконструкција и нова градинка, реконструкција на патот до Кадино, нови пешачки стази. Преку ТАВ програмата општината Илинден исто така не беше заборавена, кажа Николовски.
Тој додаде дека за првпат во општината ќе бидат задоволени здравствените потреби 24 часа, со изградба на поликлиника, а дека ќ ие има најмалку една фотоволтаична централа за електрична енергија преку јавно-приватно партнерство.
СДСМ се менува и затоа победува и има најголем коалициски капацитет, порача генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски од предизборниот митинг во општина Илинден. Тој вели дека од заробена држава пред четири години сега сме светол пример во целиот регион, најбезбедна држава во Западен Балкан, најтранспарентна Влада во целиот регион според меѓународните извештаи, а успеавме и станавме 30-та земја-членка на НАТО.
-Не само што ја остваривме оваа стратешка цел после 30 години,туку после 20 години успеавме и попис да реализираме што не беше возможно со ВМРО-ДПМНЕ. Со нас сте на чисто, со СДСМ сме држава, со ВМРО-ДПМНЕ сме неизвесност. Со Мицкоски не знаеме што не чека, кажа Николовски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ станала анти-ЕУ и анти-НАТО партија и биле против се што значи поддршка на граѓаните и фирмите.
-Ќе испратиме седма по ред порака до ВМРО-ДПМНЕ, седми пораз на деструктивната политика на омраза и страв. Денес имаме слобода, демократија, членка сме на НАТО и сме безбедна земја, заклучи Николовски.