ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Со изградбата на бул. Борис Трајковски, Драчево конечно добива брза врска со градот

October 1, 2021 09:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје продолжува да ја развива градската улична мрежа во исто време со мрежите на велосипедски и пешачки патеки, на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај.

„Градежните активности се во тек за проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево.

На овој потег во вкупна должина од 2.325 метри се врши целосна замена на стариот асфалт со нов, се прошируваат коловозните ленти и наместо 2, отсега ќе има 4 коловозни ленти. Се градат пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна, со ширина од 2,75 метри, со што вкупната ширина на коловозот со пешачките и велосипедската патека на крај, ќе изнесува 20 метри.

Овој булевар е од исклучителна важност за жителите на населбите Драчево и Пинтија од Општина Кисела Вода, за населбите од соседните општини Студеничани, Сопиште и Зелениково, како и за локалните бизниси сместени по неговата должина. Со овој зафат, значително ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава во овој дел од градот.

Поради исклучително фреквентниот сообраќај, предвидена е и изградба на кружен тек пред мостот во Драчево, а ќе се изведе нова атмосферска канализација и енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување. Со изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, Драчево конечно добива брза врска со остатокот од градот.

За оваа фаза од булеварот се предвидени околу 212 милиони денари (без ДДВ) од Буџетот на Град Скопје, а рокот за реализација е 24 месеци“, пишува во соопштението на Град Скопје.

Next Post

Османи: Северна Македонија од денеска на Дубаи ЕКСПО

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk