ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со новите 59 градинки, капацитетите се зголемија за 130%, најавени нови 10 објекти до крајот на годинава

October 1, 2021 11:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА

Бројот на градинките и нивниот капацитет повторно зазедоа централно место во говорите на кандидатите за градоначалници во пресрет на локалните избори. Темата се провлекува со години, а родителите постојано се жалеа дека се ставени на „листа на чекање“. Додека од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека власта решение нема, од СДСМ се пофалија дека изградиле и реконструирале 60 градинки, а претходниците на чело со Никола Груевски парите ги инвестирале во поставување на 60 споменици.

Сепак, фактите говорат дека значително се работи на подобрување на состојбата со капацитетите на градинките, па така, според официјалните податоци од Владата, од 2017 година до сега капацитетот за згрижување на децата е зголемен за вкупно 3.336 деца. Односно, отворени се вкупно 59 нови објекти и тоа групи во други просторни услови кои се распределени во 12 нови јавни установи за деца-детски градинки, 27 нови објекти во рамки на постојните јавни установи, како и 20 нови групи во други просторни услови.

Од оние кои можат да примат најмногу дечиња се издвојуваат новиот објект во постоечката градинка во Аеродром со дополнителен капацитет од двесте деца, исто така проширен објект за 115 деца во општина Шуто Оризари, новите објекти во Штип и Кичево за по 150 деца и други. Согласно потребите, не биле изоставени ниту руралните општини, па така во селата Пласница и Прдејца се изградени нови објект за 20 дечиња, а нова јавна установа имаат и општините Сопиште и Лозово, со капацитет од 31 и 32 деца.

Како што информираат од Министерство за труд и социјална политика до крајот на годинава е предвидено да отворат уште 13 градинки, односно објекти во кои ќе бидат згрижени повеќе од 1.400 деца од предучилишна возраст. Станува збор за градинки во општина Сопиште, Василево, адаптација на детска градинка во општина Делчево, потоа Струмица, Ѓорче Петров, Гази Баба, Берово, Кавадарци, Неготино, Кочани, Струмица, Кисела Вода, како и во општината Ѓорче Петров, поточно во селото Волково.

Токму во увид на градежните активности во објектот во Волково беше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која истакна дека во завршна фаза е изградбата на првата градинка „Росица“ во Волково. Како што соопштија општинските власти, визуелно градинката е со кружен атриум, енергетски ефикасна со модерен систем за загревање и ладење, хоризонтална и вертикална пристапност со надворешен лифт. Вратите ќе бидат отворени за најмалку 175 деца.

-Продолжуваме да го прошируваме капацитетот на детските градинки имајќи ја предвид важноста на предучилишното образование во понатамошниот развој на децата. Дополнително работиме и на усовршување и подобрување на професионалните перформанси на вработените во градинките. Затоа што за нас секое дете е важно, рече Шахпаска.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски рече дека заложбите за проширување на капацитетите на градинките ја доживуваат својата завршница.

-Пред година и половина од Волково ја стартувавме приказната за изградба на нов објект на градинката „Росица“. Многу посветено и со силна поддршка од централната власт сега може да констатираме дека оваа кружна градинка е во завршна фаза, рече Наумоски кој денеска изврши увид во градежните работи во градинката.

Инаку во пресрет на локалните избори, потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи состојбата со капацитетите на градинките ја искористи како адут на кандидатите на неговата партија и тој неодамна истакна дека поставиле пример на одговорно, домаќинско и отчетно управување со јавните финансии и парите на граѓаните денеска не се трошат на барок, на споменици и палми, туку на вложувања во училишта и градинки.

– Само за споредба, за 10 години Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 45 градинки, а Владата предводена од СДСМ само за 4 години изгради 59, со што ги зголемивме капацитетите за згрижување на децата за дури 130%, кажа Битиќи.

Next Post
фото: МИА

Пожар во болница во романскиот град Констанца, има загинати

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Во Претседателството на БиХ нема поддршка за предлогот Трамп да добие номинација за Нобелова награда за мир

August 25, 2025

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk