ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски од Илинден: Работевме на враќање на довербата во институциите, општините реализираа над 7 илјади проекти

October 1, 2021 21:47
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ

„Во изминатите 4 години работевме напорно, посветено и отчетно. Ја поставивме државата на прав пат, а резултатите се видливи во сите сектори. Општините реализираа над 7 илјади проекти и забрзано се развиваат со поддршка од централната власт“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во општина Илинден.

„Пред се ја враќавме довербата во институциите, а сите работи ги направивме затоа што одлучивме да им служиме на граѓаните. Нашите политики се за грааѓните, за зголемување на стандардот, за унапредување на инфраструктурата и условите за живот во секоја општина, град и населено место“ кажа Спасовски и додаде дека токму на ова се мисли кога се вели најдоброто за секоја општина.

Тој додаде дека од буџетот на државата обезбедни беа средства за раздолжување на општните како и 500 милиони евра за проекти на локално ниво. Како што кажа Спасовски, преку Светска банка и Европската инвестициона банка обезбедени се и дополнителни средства за изградба и реконструкција на патишта, канализации и водоводи.

„Со програмата ТАВ пренасочивме 34 милиони евра за преку 90 проекти во сите општини. Еден таков проект финансиравме и во општина Илинден. Благодарение на тоа што го направи Владата на СДСМ и ТАВ програмата и населбата Илинден ќе добие инфраструктура“ кажа Спасовски.

„Граѓаните на општина Илинден најдобро може да ја видат разликата. ВМРО-ДПМНЕ ја остави периферијата на Скопје нечепната и затоа во 12 села во општина Илинден денес нема комунална инфраструктура, канализациона мрежа, а во центарот на Скопје се потрошија 700 милиони евра на Скопје 2014“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоборот за мојата општина“ во Илинден.

Тој додаде дека нашите градови и села останаа без основната инфраструктура, бидејќи тие 700 милиони евра завршија во барок, во стиропор, во жални врби, палми, споменици и галии наместо во водоводни и канализациони мрежи и локални патишта.

„Ако се инвестираше паметно сега ќе разговаравме како уште повеќе општината економски да расте, како да ја градиме како еколошка општина и како да го подобруваме животот на граѓаните. Наместо градинки, училишта и болници тие градеа партиски музеи и партиски плоштади“ рече Спасовски.

Тој кажа дека граѓаните на Илинден може да ја направат разликата и ги повика на 17 октомври масовно да гласаат за промени во оваа општина.

„Наместо градинки, улилишта и болници, ВМРО-ДПМНЕ градеше партиски музеи, партиски плоштади и како круна на се ја изградија Белата палата. Меѓутоа иако е бела од надвор, таа е црна внатре. Затоа што има црнила, жални судбини, многу загинати и опљачкани луѓе. Таа останува и ќе биде споменик на криминалот и корупцијата што се случуваа за време на режимот“кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоборот за мојата општина“ во Илинден

Тој додаде дека граѓаните, особено граѓаните на општина Илинден може да ја направат разликата помеѓу слободата и угнетувањето, помеѓу правото на избор и узурпираното право, помеѓу слободата на мисла и говор и стравот што владееше за време на режимот.

 

Next Post

Георгиевски: Реализиравме крупни проекти кои беа ветувани со години и нудиме нова визија за Охрид

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk