ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Во изминатите 4 години реализиравме 200 проекти вредни 10 милиони евра, продолжуваме со Најдоброто за Виница

October 2, 2021 21:42
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатиот период континуирано работевме во секој дел од градот како и во секое населено место. Ги решивме приоритетите кои ги бараа граѓаните, и еден по еден постепено се реализирани, а со тоа ја вративме довербата и животот на граѓаните на Општина Виница, порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Виница, актуелниот градоначалник Ивица Димитров.

Тој соопшти дека во иминатите четири години во општина Виница се реализирани над 200 проекти, поставени се 44км асфалт низ целата територија на Општината, изградена е нова спортска сала во ООУ ,,Славчо Стојменски”, изградена е социјална станбена зграда за 36 социјално ранливи семејства, поставена е нова канализациона мрежа, како и многу други помали и поголеми проекти значајни за жителите на Општина Виница со вкупна вредност од 612.000.000 денари или 10.000.000 евра.

Заедно со кандидатите за советници на Општина Виница изготвивме програма која како и претходната ќе биде реализирана и во која се сместени проекти за сите целни групи, најави Димитров.

Од планираните проекти за наредниот 4-годишен мандат Димитров ја издвои дислокацијата на депонијата кај село Лески, изградба на патот од село Трсино до Голак, кружен тек во градот Виница, нова автобуска станица, скејт-парк, нов булевар во должина од 600м, нова трибина на градскиот стадион и ќе се покрие веќе постоечката, нови велосипедски патеки, приклучување на Виница, и селата Лески, Градец, Јакимово и Истибања на пречистителната станица во Кочани.

Граѓаните на Виница знаат каква беше состојбата пред 10 години каде беше загрозена безбедноста од хулигани и криминалци, а сега Виница е пристојно место за живеење и граѓаните знаат кој и каков треба треба да биде нивниот градоначалник. Човек кој посветено работи и кој на 17ти Октомври ќе победи во Виница, убедливо уште во првиот круг, порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Виница, Ивица Димитров.

Next Post
Фотографија од ФБ страницата на Левица

ФОТО КОМЕНТАР: Помалку луѓе на собирот на Левица и Камиказа, отколку кандидати за градскиот совет

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk