Денеска ја посетив прекрасната Струмица и имав можност да поразговарам со нејзините граѓани, да прошетаме заедно на струмичкиот пазар и да го посетиме ТЦ Глобал, информира потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче.
Според него, струмичани се навикнати да гледаат напред, да менуваат и да подобруваат.
-Сигурен сум дека Коста Костадинов е на вистинскиот пат да ја продолжи успешната приказна, 15 години локално управување на СДСМ, на правилен начин, потврдувајќи го епитетот за градот – европски, вели Филипче.
Тој додава дека Струмица е симбол на отпорот кон режимот кој владееше со земјава цели 12 години.
-Струмичани отсекогш го избирале Најдоброто за нивниот град и знам дека и овојпат ќе биде така – заедно ќе славиме убедлива победа во прв круг на младиот Коста Костадинов, објави министерот на социјалните мрежи.