ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Влошки за менструалниот македонизам на УКИМ и МАНУ

October 2, 2021 15:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Воздухот на слободата ни е даден за да пристапиме кон пресметка со многу поголем непријател од сите наши угнетувачи – пресметката со себе.

Како најсмртоносен непријател.

Најголемиот проблем пред Македонците не е бројот, не е тоа колку нè има, макар што и тоа е многу важно, туку тоа што сè до појавата на Заев, не успеавме да сфатиме дека по борбата за ослободувањето и независноста, нè чека борба со Македонија.

Ние цело време водиме битка за Македонија.

За нејзините џигери, кукуреци и пари.

Независноста ја разбуди загатката што спиеше во нас.

Слободата го исправи пред нас проблемот на постоењето.

Не дали постоиме во претставите за себе, во учебниците и во книгите, а особено не во тралалајките на вморонскиот квазипатриотизам и кретенски антимакедонизам или во професорските кокошарници на УКИМ и на МАНУ, туку што преку нас постои, вреди ли нешто, возбудува ли некого, емитира ли тоа нешто, пулсира ли, или постои само како мрсул што во долината на реката Вардар ѝ капнал на Историјата кога била болна.

Неколку брбошки на големата овца оставени на патот меѓу ливадата и трлото. Да му пркосат на дождот на времето.

За такво нешто, за да навистина почнеме да постоиме, моравме да се преработиме. Но, се покажа дека таквата преработка е над нашите моќи.

До појавата на Заев.

Нека да повториме уште еднаш.

Нашата слобода беше привидна затоа што во самата структура на народот постоеше лага и насилство. Кои ги проблематизираа нашите постапки. Нашата слабост постојано нè предупредуваше да не се движиме. Таа слабост ни сугерираше дека ако се движиме, целиот државен и национален проект би можел да се урне самиот од себе.

Односно нашите мрдања да го урнат.

До појавата на Заев.

Нека тоа да го кажеме уште еднаш.

Оти ќе му треба разбирање, помош и охрабрување.

И поддршка, се разбира.

Ова е магнетната резонанца на Македонија.

Направена е на клиниката Гомбрович и ги открива и историските и актуелните извори на македонската драма.

Патетичната инерција на ништото мобилизирана во МАНУ, Женскиот оркестар на менструалниот македонизам во УКИМ, будењето на претседателските стаорци и нивната потрага по нови грутки сирење, сè е тоа израз на македонскиот уплав од промени произведен од неспремноста за новите дисциплини на новото време, од една страна, и од граничната тревога дека промените ќе ја дезилузираат приказната за славната историја и културната и духовна генеза. Дека ќе не фатат како шверцери. Сосе авторите на лагата. Да не говориме дека инерцијата има и утилитарни аспекти, тој надминат македонизам се користи како инструмент во борбата за власт, во одбраната на сопствените пропаднати и многу штетни кариери кај политичарите и кај историчарите.

Тоа е.

Опседнатоста со себе и со своето постоење триесет, ако не и цели 70 години го спречуваше сетирањето на националниот болид за новите трки во Формулата на нациите. Нон-стоп се возиме во истото авто: идентитетот, признавањето, јазикот.

И државата како национална недвижност за одбрана и оплакување.

Ѕид на плачот за Македонците.

И за Македонката која е позната по тоа што гордоста ја храни со хумус од мртви Евреи.

Бевме фиксирани во таа димензија.

Развојот на ситуациите покажа дека постоењето не е доволно за продолжување на историската лиценца. Статичноста и фиксацијата врз постоењето го стерилизираат Македонецот и реката на Историјата се стреми да го исфрли на брегот. Како мртва алга. Отпорот кон промените е дрвен материјал за погребниот сандак на Македонија. И на Македонецот, се разбира. Ние можеме да ја тераме историјата да го прифати нашето становиште дека ние сме нејзиниот краен израз, но така се однесуваме како шверцер кој на граница вика, мавта со рацете и тврди дека навлекол пет пара фармерки затоа што му студи.

Лаже и бара разбирање.

Промените, и тоа промените кои под притисок од надвор или под притисок на реалното ферментирање на внатрешните односи, пред се преку борбата на Албанците, но и на другите народи за рамноправност, значи не како резултат на свеста, визијата и храброста на Македонците, добар дел од Македонците ги доживеаја како страшни порази. Што е потврда на горните тези. И Охридскиот договор и Преспанскиот и Бугарскиот договор се осветлени со таа проекција.

Тоа е посебен израз на погрешното саморазбирање, на разбирањето на постоењето како физички факт, без културната и духовната димензија на развојот затоа што и духот и културата тука се чуваа од развој.

Трагедија.

Заев прави епски напори да ја извлече Македонија од металната замка за мечки што самата ги постави на своите граници. Прави грешки, се разбира, но тоа не смее да биде причина за блокада на промените. Можеби ќе останеме без некое прсте или дури без цело стапало, но делумната автотомија е спасителна операција. Има убави протези, феноменални вештачки стапала со кои можеме да шутираме слободни удари подобро од Меси и Роналдо.

Хахаха!

Таква автотомија мора да направи и Бугарија.

Или нека ги викнат Каракачанов и Захариева да им ја отворат металната канџа во која се заробија.

Ескобар беше јасен.

И Урсула исто така.

И Мицотакис.

Освен меѓународната поддршка, ме радуваат уште две или три работи.

Прво, упорноста и решеноста на Заев да истрае во преработувањето на Македонија односно во оваа борба со Македонија, второ, фактот дека академско-професорскиот ревизионистички балон пукна пред да му дојде ред на балонот на задолженоста и трето, тековните работи, како што беше пописот и какви што се локалните избори се одвиваат во знакот на граѓанската разбуденост. Хистеријата спласнува, полека се враќаме во нормала, Мууу Зејот на револуционерната борба против слободата ќе го збогатиме со живи експонати. Мицко е пред завршување на својот последен филм за агентот на лудакот од Будимпешта.

Плукнат Бонд.

Џејмс Бонд

Агент 7.000.000.000.

Евра.

Во филмот „Лидерот: Тиме ту дет“

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk