Изминативе четири години посветивме внимание на чиста и здрава животна средина. Исчистени се сите диви депонии во Виница, а со изградбата на регионалната депонија кај Свети Николе, која треба да биде завршена до крај на 2022 година, ќе ставиме крај на дивите депонии во Виница и целиот источен регион“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Виница.
„Со изградбата на регионалната депонија системски ќе се реши ова важно прашања. Имаме 37 милиони евра грант од ЕУ и дополнители 6 милиони евра од буџетот. Тоа ќе биде европска депонија по сите атрибути“ кажа Заев.
Лидерот на СДСМ истакна дека во изминатите 4 годнии реализирани се преку 7 илјади проекти во сите општини што секојдневно го менуваат животот на граѓаните на подобро.
„Во Виница, локалната и централната власт, реализиравме 200 проекти, вклучително и овој плоштад. За 4 години во Виница е реализирано повеќе отколку 26 години наназад од самостојноста. Затоа кандидатот на СДСМ и коалицијата Ивица Димитров е најдоброто за Виница“ кажа Заев.