Проектите за кои зборуваме може да ги испорача само СДСМ. Ова ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на режимот, навикнат да ги краде народните пари. Затоа е опасно да им се довери раководење на некое гранапче, а не пак општина или држава. Слушнавме колку милиони евра се злоупотребени на изградба на 300 споменици, додека сиромашни граѓани спиеја по улици“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Виница.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ со закани и притисоци го обезбедуваше молкот за нивното режимско и криминално владеење.
„Од друга страна СДСМ и коалицијата донесоа транспарентност и отчетност на највисоко ниво и денес се знае се и се е достапно на еден клик. Први сме по транспарентност во регионот. Нема веќе заробена држава, контрола врз медиумите и газење по достоинството на граѓаните. Слободно се говори, а гласот на граѓаните се слуша и уважува“ кажа Заев.
Премиерот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропска и анти-НАТО партија која носи изолација, како што имавме повеќе од една деценија.
„СДСМ го заштити идентитетот и ја внесе земјата во НАТО. Со поддршка на иницијативата Отворен Балкан го унапредуваме и квалитетот за живот на сите. Северна Македонија е светол пример на Балканот“ кажа Заев и додаде дека тоа е патриотизам на дело.