Од 1 декември стапува во сила и забрана за еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти во заштитените подрачја, согласно новите закони за управување со отпад
Од 1 декември стапуваат во сила забрани за употреба на пластични кеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон…
Ова се дел од предвидените новини со неколку нови закони од областа на управување со отпад што ги презентираа денеска премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини на прес-конференција во Владата, а откако регулативата неодамна беше „комплетирана“ во Собранието.
Нуредини рече дека со донесувањето на новите закони се овозможува премин кон циркуларна економија, како еден од стандардите на европската економија, а во насока на намалување на негативните ефекти на животната средина.
извор: 360степени.мк