Партијата на Данела Арсовска ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за најкоруптивниот проект во историјата на Скопје – проектот „Скопје 2014“ за кој Груевски лажеше дека ќе чинел 80 милиони евра, за на крај да потроши околу 700 милиони евра на лажен барок, велат од СДСМ.
– „Белата Палата“ во која ги пишуваат пресовите на Арсовска е симбол на корупцијата, криминалот и непотизмот во Скопје – уништувач на модерно Скопје. И врапчињата на покривите знаат дека изборната кампања на Арсовска е финансирана од криминалната бела палата на ВМРО-ДПМНЕ.
Данела Арсовска е исто така симбол на корупција – токму на нејзин предлог урбаниот мафијаш Сеад Кочан е изгласан за нејзин заменик-претседател на Сојуз на стопански комори. Данела Арсовска досега нема спомнато ниту збор за коруптивните зделки на нејзиниот заменик Сеад Кочан и за коруптивните злодела на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, никој не и верува на Данела Арсовска дека ќе се бори против корупцијата, која царува во белата палата со „велелепни лустери, црвени теписи, со махагони“, се вели во соопштението