Ученици од сите основни и средни училишта, во периодот кој следува, за 7 до 10 дена ќе бидат тестирани по случаен избор, изјави на денешната прес коференција, министерот за здавство Венко Филипче.
„Според методологијата која ја изработивме, во следниот период ќе бидат тестирани учениците во сите средни и основни училишта. Заедно со МОН ќе бараме писмена дозвола од родителите. Ова ќе биде со цел да направиме пресек каква е ситуацијата во училиштата. Ќе се бираат ученици по случаен избор. Процесот би требало да заврши оваа, најдоцна до следната недела, по што ќе излеземе со резултати…ќе бидат тестирани 8.200 учениците од основното и средното образование. Скринингот би требало да заврши за 10 до 14 дена, рече Филипче
Министрерот исто така најави дека трета доза вакцина може да прими секој, без оглед на возраста.
„Препораката од Комитетот за имунизација е освен лицата над 60 години трета доза вакцина да добијат и било кои други граѓани без оглед на возраста. Без оглед дали имаат или немаат хронични болести, доколку се под ризик поради фрекфенцијата на контакти, работното место итн, може да да се вакцинираат“
Според Филипче и МЗ, досега се вакцинирани 789. 000 граѓани се вакцинирани.
И. З.