Класичната музика останува главен елемент на високата култура во модерното општество. Многумина од нас уживаат слушајќи ги овие безвременски парчиња додека читаат, учат или спијат. Навистина, некои луѓе толку многу размислуваат за класичната музика што и дадоа магична моќ, на пример, веруваат дека бебињата ќе бидат попаметни ако слушаат класична музика, а не детски приспивни стихови, пишува „Big think“.
Иако тврдењата за зголемување на интелигенцијата се сомнителни, едно тврдење што звучи исто толку неверојатно, е апсолутно реално. А тоа е дека класичната музика може да помогне во лекувањето на епилепсијата. Но, не било која класична музика, конкретно, „Соната на Моцарт во Де за две пијана (K448)“. Познат како „ефектот Моцарт К448“, овој бизарен феномен за првпат бил опишан пред скоро 30 години.
Оттогаш, истражувачите научиле повеќе за ефектот Моцарт К448. Се чини дека работи со намалување на таканаречените интерктитални епилептиформни испуштања (ИЕД)-абнормални бранови на мозокот што се јавуваат помеѓу напади кај епилептични пациенти.

ИЕД се поврзани со фреквенцијата на напади, така што намалувањето на бројот на ИЕД, исто така, треба да го намали бројот на напади, а тоа веќе е докажано во други истражувања. Ефектот Моцарт К448 е речиси невозможно да се замени. Истражувачите се обидоа да тестираат пациенти со друга музика напишана од Моцарт, Бетовен, па дури и гудачка верзија на К448, но ништо не успеало.
подготви: Миткоска Марија