ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи ја злоупотребува постапката за изборот на амбасадори

October 5, 2021 12:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Злоупотребата на постапката за изборот и акредитирањето на амбасадорите од страна на претседателот на Комисијата за надворешни работи во Парламентот навистина претставува крупен проблем за државата, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во Владата.

Заев, посочи дека има одлуки за сите испразнети амбасадорски места, но дека проблемот е во Парламентот и дека до крајот на годината ќе изнајдеме решение за сите.

-Последното случување е со нашиот избран, односно предложен кандидат за амбасадор во ОН, професорот Фрчкоски каде што директно претседателот на Комисијата вели дека нема да дозволи. Имаме непополнети места прво во соседна Бугарија и во соседна Србија. Треба брзо да одлучуваме, имаме непополнети места во Вашингтон, непополнети места во Брисел – во Белгија како место, во Словачка, во Израел, во Турција и тоа се сериозни позиции каде што треба да донесеме брзо одлука, изјави Заев.

Апелирам, нагласи Заев, сите да носат соодветни одлуки, односно МНР својата одлука, Владата својата одлука, Претседателот на државата својата одлука, се со конечна цел, да го избегнеме непријатниот статус на нашата земја со не испраќање на наши амбасадори во вака пријателски земји каде што ни требаат пред се заради државничките, политичките, општествените активности, но и многу за економските активности на државата.

-Верувам дека Законот ќе се почитува јасно каде што ако ваквиот фигуративен односно респектабилен аспект на презентирање на своите тези на кандидатите за амбасадори пред Парламентот коишто се една куртоазија пред Парламентот а не ја врши својата работа, односно таму се блокира работата тогаш апелирам и до МНР секако до сите членови на Владата овде и до претседателот на државата Пендаровски да ги носиме одлуките соодветни за да ги пополните овие амбасадорски места. Верувам дека до крајот на годината ќе изнајдеме решение за сите затоа што сега па и не се одлучува за време на избори, решенија за сите овие испразнети места да бидат не само избрани и номинирани кандидатите, туку да бидат и испратени затоа што дефинитивно ако некаде нешто се блокира, а тоа законски не е пречка тогаш навистина првиот интерес мора да остане имиџот на државата и нашата поставеност према пријателските земји, изјави Заев.

По вчерашното прогласување персона нон грата на нашиот дипломат од Русија, Заев посочи дека во Амбасадата во Москва останува да ги обавува своите обврски в.д., а наскоро ќе биде упатен  новиот амбасадор акредитиран за Руската Федерација кој ги помина сите чекори до упатувањето.

– Знаете дека помина и во Парламентот на Комисијата за надворешни работи и тоа е веќе завршена работа така што ќе имаме секогаш наши претставници во Руската Федерација, изјави Заев.

Во однос на аферата „Ерменска врска“, Заев посочи дека до Министерството за правда се уште нема стигнато одредена постпка, што е законска основа, да се побара екстрадиција на наш граѓанин.

– Како држава навремено ги преземаме сите дејствија за да ги добиеме сите неопходни информации и верувам дека веднаш штом ќе ги имаме сите детали и информации, веднаш ќе делуваме, изјави Заев.

Тоа што го знам од семејството и министерот за правда, посочи Заев, е дека се уште се чекаат информации и детали, што е сомневањето и што всушност се случило, затоа што, како што посочи, тоа што го видовме во медиумите апсолутно нема врска и се работи за друг случај./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: Иднината на ЕУ и на Западен Балкан се неразделно поврзани

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk