ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Франција ужасната од педофилијата во Католичката црква, папата тажен за жртвите на сексуалното насилство

October 6, 2021 09:50
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција е шокирана, ужасната и во неверување од наодите на  Независната комисија за сексуална злоупотреба во француската католичка црква (ЦИАСЕ), која работеше 2,5 години и вчера во јавноста излезе со извештај долг 2.500 страници, од кој се заклучува дека цели 70 годинио, од 1950 година до денеска, во француската Католичка црква биле изборени „меѓу 2.900 и 3.200 свештениоци педофили“.

Извештајот беше претставен на Конференција на бискупите на Франција (ЦЕФ) и на Конференција на религиозни институти и конгрегации (Кореф),

По објавувањето на скандалозните наоди на независната комисија, веднаш со првична реакција излезе и  папата Франциск, кој преку портпаролот на Ватикан, ја изрази својата „голема тага“ за жртвите на сексуално насилство од страна на француското католичко свештенство.

Според комисијата, станува збор за минимална проценка, добиена  врз основа на пописот и испитувањата на архивите ( на црквата, Министерството за правда, судската полиција и печатот) и врз основа на сведочења добиени во ова тело.

Претседателот на Комисијата, Жан -Марк Сове, оцени дека бројката треба да се спореди со општа популација од вкупно 115.000 свештеници во текот на изминатиот анализиран 70-годишен период.

Портпаролот на понтифот изјави дека тој „со болка“ ги слушнал „ужасните“ резултати од независната истрага, која покажала дека француското католичко свештенство во изминатите седум децении сексуално нападнало околу 216.000 малолетници и сето тоа го прекрило со „превез на тишината“.

-Неговите мисли се фокусирани прво кон жртвите, со голема тага за нивните рани и благодарност за нивната храброст да прозборат, изјави портпаролот Матео Бруни, во изјавата дадена на италијански и француски јазик.

„Тие, исто така, се свртени кон црквата во Франција, која, откако ќе ја сфати оваа застрашувачка реалност … ќе може да тргне по патот на искупувањето“.

-Ова ќе биде експлозија, уверуваше вчера анонимен член на истражната комисија- Циасе.

„Ова ќе има ефект на бомба“, додаде Оливие Савињак, од „Парлер и Ревивре“.

Бискупот Ерик де Мулин-Бофор, претседателот на ЦЕФ, за време на средба со  неговите парохјани реагираше дека се плаши дека извештајот „ќе покаже значителни, застрашувачки бројки“.

-Неговото објавување ќе биде тест за вистината и тежок и сериозен момент, дали можеме да ја прочитаме и пораката испратена од епископијата до свештениците и парохиите за неделните миси. Порака која повикува на став на вистината и сочувство, рече Мулин-Буфон.

ЦИАСЕ, исто така, ќе го процени бројот на жртви и ќе ја спореди распространетоста на сексуалното насилство во Црквата со онаа идентификувана во други институции (спортски здруженија, училиште, итн.) И во кругот на семејството. Тежина на клерикализмот, омертата (молчењето) за овие феномени на влијание, комисијата, исто така, ќе ги процени „механизмите, особено институционалните и културните“ што можеби го фаворизираа педофилскиот криминал.

Откако ќе ја постави дијагнозата, Комисијата ќе даде 45 предлози што ќе допрат до неколку области: слушање на жртвите, превенција, обука на свештеници и верско, канонско право, трансформација на управувањето со Црквата … Исто така, ќе препорача и политика на препознавање и исправка.

Жан-Марк Сове прецизираше дека ЦИАСЕ во својата работа зборовите на жртвите ги претвори во „матрица на својата работа“. Прво со повикот за сведочења, што беше отворен 17 месеци, на кој беа собрани 6.500 повици или контакти од жртви или роднини. Потоа со спроведување на 250 долги сослушувања или истражувачки интервјуа. Комисијата, исто така, го продлабочи своето истражување влегувахќи во многу архиви (Црква, Министерство за правда, внатрешни работи, печатот).

Во повеќето случаи, фактите сега се пропишани, извршителите се мртви, правејќи го прибегнувањето кон правдата невозможно. Канонските постапки (законот на црквата), кога се иницирани, се многу долги и не многу транспарентни.

-Чекам да се соочиме со овој товар, колку и да е темно, за потоа да ги преземеме потребните мерки, потврдува Вероник Маргрон, претседателка на Кореф. Епископијата соопшти дека нема да има репарации, туку систем на финансиски „придонеси“, што од 2022 година ќе се плаќаат на жртвите, што не е едногласно примено од жртвите.

Првите одговори се очекуваат во ноември. Извештајот ќе биде разгледан и во Рим, каде што прашањето го покренаа папата Франциск и некои француски бискупи кои го посетија Ватикан во септември.

ЦИАСЕ беше создадена есента 2018 годинаи во неа има 22 члена, волонтери, со мултидисциплинарни вештини (правни, медицински, психолошки и психијатриски, социјални и образовни, заштита на децата, историја и општествени науки, теологија, итн.). Финансирана е од епископските и верските институти и собранија со три милиони евра. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk