Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, на својот Фејсбук профил го осуди физичкиот напад врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, од страна на синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери, кој е сопственик на е и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У пауер“.
Во реакцијата тој порачува дека без разлика на тоа за кој се работи сите се еднакви пред законите.
„Го осудувам синоќешниот напад врз претседателот на РКЕ. Веќе се постапува по случајот. Ова е правна држава каде институциите постапуваат еднакво за сите, пред законите сме сите еднакви, а несогласувањата може да се решаваат единствено преку процедурите и институциите на системот“, вели Николовски.