ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Драчево добива нова модерна градинка за 110 дечиња, изградена според сите европски стандарди

October 6, 2021 12:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се уверивме дека градежните работи на детската градинка при ЈОУДГ „8ми Март“ се завршени и наскоро, откако ќе ги мине пропишаните контроли и надзори ќе ги прими и првите деца, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, при увидот на објектот во скопската населба Драчево.

Во градинката која е изградена според сите европски стандарди ќе бидат сместени 110 дечиња во шест занимални, од кои во две ќе бидат згрижени децата до две годишна возраст, а во останатите четири, деца до шест години.

 

Според министерката Шахпаска, градинката во Општината Кисела Вода е првата градинка во нашата земја која е изградена со керамичка вентилирачка фасада (фотокаталитична) која има својства за прочистување на воздухот, бидејќи на себе ги лепи штетните честички од амбиенталниот воздух, кои потоа преку измивање со дожд се отстрануваат од неа. Со ова, рече Шахпаска испочитувани се најсовремените стандарди за енергетска ефикасност.

„Со ваквите стандарди се создава поздрава околина не само за децата кои престојуваат во градинката, туку и за околината на објектот. И внатрешното уредување на просторот во кој ќе престојуваат децата е според најсовремените светски трендови кои овозможуваат учење и воспитување преку игра. Со новата градинка го решивме долгогодишниот проблем со кој се соочуваат и сегашните но и идните родители кои живеат во населбата Драчево, бидејќи најамалите жители на населбата освен што ќе бидат сместени во предучилишна установа каде се стекнуваат со своето прво образование, добиваат и целосен квалитетен развојот толку потребен за  здравјето на децата. Токму здравјето на децата  за сите нас е пред се,  и над се“, рече Шахпаска.

Според министерката соработка со општините е многу важна бидејќи  без активен, отворен и посветен приод нема успешно да бидат спроведени овие проекти. Таа рече дека денеска тоа се Општина Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски, бидејќи на терен ја покажале грижата за развојот на заедницата и за унапредување на животот на своите сограѓани.

„Децата ја претставуваат иднината на едно општество. Како Општина во претходниот мандат се обврзавме да инвестираме во нашите најмлади преку изградба и реновирање на градинките, опремување со реквизити за настава и игра, изградба на игралишта и катчиња за забава на децата, за да можат слободно да уживаат во нивното запознавање и дружење“, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Темелковски.

Изградбата на оваа градинка е дел од севкупните социјални реформи кои ги спроведува Владата и министерството за труд и социјална политика, а е администрирана преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, финансиски поддржан од Светска банка. Преку овој проект 16 општини во земјава добиваат нови градинки или, пак,  преку градежни зафати се прошируваат капацитетите на веќе постојните.

Next Post

Шеста трансплантација од починат донор

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk