ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев на пленарната сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан: Силен и просперитетен Западен Балкан претставува неопходен придонес за европската економија

October 6, 2021 15:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Силен и просперитетен Западен Балкан претставува неопходен придонес за европската економија и без сомнение, целосната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија треба да биде природен исход на реформскиот пат во регионот“, истакна Заев на првата пленарна сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан посветена на социо-економскитe прашања во соработката на земјите од регионот со Европската Унија.

Премиерот Заев нагласи дека активностите на Владата за економски развој се одвиваат истовремено со мерките што обезбедуваат социјална сигурност и социјална правда, со позитивно влијание врз намалувањето на сиромаштијата и подобрувањето на социјалната вклученост.

„Преку дијалог и инклузивни платформи, нашите партнери за социјален дијалог, ни помогнаа да ги збогатиме мерките кои се покажаа како социјално праведни“, потенцираше премиерот Заев.

Тој додаде дека пандемијата од КОВИД-19 дополнително ја забрза амбицијата за регионална интеграција, покажувајќи ги важните врски помеѓу пазарите во регионот, како и меѓу економиите на ЕУ и Западен Балкан. За време на овие предизвикувачки времиња, регионот соработуваше, обезбедувајќи непречен проток на стоки во текот на целата криза.

„Како резултат на водечките принципи на Берлинскиот процес, ние сме целосно посветени на инклузивна регионална соработка за да станеме рамноправни учесници во политиките, програмите и единствениот пазар на ЕУ, хармонизација со правилата и стандардите на ЕУ и проширување на можностите за граѓаните и деловните заедници“, истакна премиерот Заев.

За Република Северна Македонија, посочи премиерот Заев, Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан е добредојдена и многу важна иницијатива, која покажува солидарност и грижа за регионот, зајакнување на економската активност и надградба на нејзината конкурентност.

„Реализацијата на Економскиот и инвестицискиот план на Западен Балкан и Акциониот план на Заедничкиот регионален пазар, ќе го трансформираат регионот, со што ќе се обезбедат зелени и повеќе дигитализирани економии, како и подобро вмрежување со единствениот пазар на ЕУ, насочен кон закрепнување од кризата предизвикана од КОВИД-19, забрзувајќи го економскиот раст“, потенцираше премиерот Заев на првата пленарна сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан посветена на социо-економскитe прашања во соработката на земјите од регионот со Европската Унија.

Next Post

Шахпаска по повод Светската недела на детето: За нас секое дете е важно, продолжуваме да се залагаме за правилен раст и развој на најмладите

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

Мециновиќ: Вториот круг ќе охрабри многу граѓани да излезат и да гласаат

October 29, 2025

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk