ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска по повод Светската недела на детето: За нас секое дете е важно, продолжуваме да се залагаме за правилен раст и развој на најмладите

October 6, 2021 15:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во првата недела на месец октомври, кога се одбележува Светската недела  на детето, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги посети децата од Дневниот центар за деца  во ризик во скопската населба Шуто Оризари. Посакувајќи среќно и безгрижно детство на сите дечиња Шахпаска рече дека  грижата за најмладите, особено за децата кои доаѓаат од семејства во социјален ризик се високо на агендата на Министерството за  труд и социјална политика.

Според министерката во таа насока, Министерството за труд и социјална политика со новиот Закон за социјална заштита, овозможи спроведување на реформата со која се обезбедува  ефикасен одговор во делот на грижата особено за децата во ризик.

„Во Дневниот центар за деца во ризик, децата не се оставени сами на себе туку за нив се грижат лиценцирани стручни лица.  За време на нивниот престој добиваат ужинка, се социјализираат, се стекнуваат со животни, образовни, културни, работни, рекреативни и други знаења и вештини за правилен развој и раст за нивна интеграција во општеството. Во Центарот создаваат навики за здрав живот, за одржување на хигиената. Овде децата се стекнуваат со неформално образование – подготовка за упис во основното образование и поддршка редовно да ја посетуваат наставата, добиваат помош во пишување на домашни задачи, учење, изработка на проектните задачи“, рече Шахпаска.

Со новиот Закон за социјална заштита, Дневниот центар за деца во ризик е прв лиценциран центар, кој ја дава услугата дневен престој на деца во ризик – деца на улица. Центарот  работи секој ден од 8 до 16 часот и има  капацитет да згрижи 68 деца,  во неколку групи од 6  до 15 годишна возраст.

Во Центарот се организираат и работилници со родителите на различни теми кои соодејствуваат на проблемите со кои се соочуваат во нивниот живот.

Нашата држава во 2011 година ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации, според која  сите деца  имаат право на заштита на нивното здравје, бесплатно основно образование, право на добро воспитување, слободно да го искажуваат своето мислење но, пред се да бидат слушнати.

Во таа насока МТСП ја спроведува социјалната реформа со која социјалната заштита преку социјални услуги стана достапна и блиска до граѓаните. Со деинституционализацијата ниту едно дете  до 18 години повеќе не живее во гломазни институции, туку во мали групни домови, како нова и подобра форма на живеење, налик на семејната. Се прошируваат и сместувачките капацитети на детските градинки, со цел секое дете да има можност да се стекне со предучилишно образование и воспитание, која претставува многу значајна алка во понатамошниот развој на децата.

Со цел зајакнување на улогата на згрижувачките семејства отворени се и два нови центри во Скопје и Битола, кои имаат за задача поддршка на семејствата кои ги згрижуваат децата без родители.

Потпретседателот на Здружението на граѓани за заштита на правата на детето, Оливер Бачановиќ, се заблагодари на денешната посета и на досегашната соработка со Министерството за труд и социјална политика и изрази задоволство за заедничките  заложби кои се во интерес на децата во ризик.

 

Next Post

РКЕ: Од утре парно греење за скопјани

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk