ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни 10.625 случаи, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат

October 9, 2021 09:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Бројот на активни случаи заразени со корона – вирусот во земјава изнесува 10.625 од кои најмногу – 5.076 се во Скопје. Во Куманово има 935 активни случаи, во Тетово 834, во Гостивар 405, во Кичево 350, во Велес 339, во Охрид 300, во Прилеп 279…

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, за изминати 24 часа при направени 3.791 тестирања, регистрирани се нови 386 случаи со Ковид-19, осум починати, 529 оздравени пациенти.

Од вкупниот број позитивни на Ковид-19 регистрирани во изминативе два месеци, 76 проценти или 28 856 граѓани не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81 отсто, додека само 19 проценти од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на Министерството за здравство.

Како што се наведува во анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, за вакцинирани се сметаат лицата кај кои се аплицирани две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. При тоа во период од 06.08 до 7.10.2021 на територија на државата 38.019 граѓани се регистиррани како позитивни на Ковид 19, од кои 24 отсто биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица.

Во период од 6.08 до 7.10.2021 на територија на државата починале 1 277 пациенти со Ковид 19, од кои 1070 пациенти од нив, односно 84 проценти, не биле вакцинирани, а само 16 отсто, односно 207, примиле вакцина.

– Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, се наведува во соопштението.

Министерството за здравство воедно, укажува на важноста на вакцинација и апелира до граѓаните да се имунизираат.

– Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, наведуваат од Министерството за здравство.

Од Министерството информираа дека во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. Ревакцинирани се 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 47, а со две дози 44 проценти. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 проценти примила две дози вакцина.

Досега во земјата се направени вкупно 1.314.953 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 194.231, бројот на оздравени пациенти изнесува 176.807, а 6.799 се починати. 

извор: МИА
Next Post

На полноќ завршува пријавувањето за гласање на болни и немоќни, на лицата со Ковид-19 на 11 октомври

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk