ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нацевска: Граѓаните сѐ повеќе ги користат придобивките од електронското банкарство

October 9, 2021 11:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако пред две години, еден од четири платежни налози беше извршуван електронски, а останатите три на шалтерите на банките во хартија, веќе во 2020 година и во првата половина од 2021 година, секој трет налог се извршува електронски. Тоа значи дека граѓаните сѐ повеќе ги користат придобивките од електронското банкарство и електронските услуги коишто ги нудат банките, истакна вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска, во гостување во утринската програмата на Националната телевизија, наведувајќи дека електронските плаќања се безбедни и носат бројни придобивки за граѓаните.

– Пандемијата го менува начинот на живеење на луѓето, а со тоа и нивните навики во начинот на плаќање. За заштита на сопственото и јавното здравје, граѓаните сѐ повеќе ги ползуваат придобивките на дигиталните плаќања, мобилните апликации и платежните картички. Ова беше особено видливо во првите месеци од пандемијата, кога растот на овие плаќања беше 110 посто и со тој интензитет продолжи и во наредниот период. Според последните официјални податоци на Народната банка во доменот на платежната статистика за првиот квартал од оваа година, бројот на плаќањата со платежни картички е повисок за 44 отсто во однос на истиот период од минатата година, посочи Нацевска.

Истакна дека користењето на платежните картички е сосема безбедно, бидејќи банките кај нас издаваат картички кои воопшто не заостануваат во технолошките решенија што се нудат во светски рамки.

– Се обезбедуваат сигурносни стандарди за извршување на плаќањата со картички и преку електронското банкарство, коишто воопшто не заостануваат со барањата во меѓународните стандарди. Сите ние сме корисници на картичките „виза“ или „мастеркард“, коишто се меѓународно брендирани и зад кои постојат навистина високи сигурносни стандарди. Ова се клучните фактори за безбедно извршување на плаќањата и оттаму, колку повеќе се ползуваат, толку помала ќе биде изложеноста и непотребното чекање пред шалтерите во банките, посочува Нацевска.

Таа најави и дека се работи на обезбедување на можноста за воведување нови, иновативни технолошки решенија ‒ финтек, кои ќе им обезбедат уште поширока палета услуги на граѓаните и фирмите.

– Се очекува дека финтек-компаниите ќе се појават наскоро, со стапувањето во сила на новиот Закон за платежни услуги и платни системи. За да се овозможи употребата на овие услуги, потребно е да се воведе концептот на „отворено банкарство“, односно отворена и сигурна комуникација на финтек-компаниите, банките и граѓаните и компаниите, како корисници на платежните услуги. За нас како држава, финтек-секторот треба да претставува можност за нашите граѓани и фирми за користење на платните услуги коишто се користат во развиените земји. Ова е голем чекор напред, големи се очекувањата, но секако ќе треба време да се оствари, посочи Нацевска.

Законската основа, како што рече вицегувернерката, ќе биде поставена наскоро, но понатаму ќе следи процесот на лиценцирање и воспоставување безбедносни стандарди, бидејќи сигурноста на средствата во банките е она што е основно и што прво треба да се обезбеди.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk