ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Пет дена до изборниот молк, ветувањата и реториката како на почетокот

October 11, 2021 08:31
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во последната седмица пред изборите и помалку од пет дена до изборниот молк, лидерите на партиите и кандидатите за градоначалниците продолжуваат да ветуваат европска иднина, промени, зелена агенда, но и инфраструктурни подобрувања во сите општини во државава. Караванот на СДСМ -„Најдоброто за мојата општина“ денеска ќе ги посетат жителите на Могила, Прилеп, Ѓорче Петров, Центар и Карпош, а „Создади нова иднина!“ на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Долнени, Кривогаштани, Крушево и во Прилеп. Зелената агенда на ДУИ ќе ја бара поддршката од чаирчани, Беса ќе има предизворни активности во Теарце.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера од Крушево нагласи дека земјава е вратена на патот на интеграција кон ЕУ,  а дека дома се вратени слободата и демократијата и дека е подигнат животниот стандард на граѓаните.

– На локално ниво инвестиравме во проектите што живот значат за општините и граѓаните. Изградивме и реконструиравме над 1.000 километри патишта. Изградивме 60 детски градинки, реконструиравме, изградивме нови 80 училишта, 34 болници, 20 домови на култура, театри, општински згради, изградивме објекти и проекти вредни повеќе од 500 милиони евра, истакна Заев.

Тој вети дека ќе продолжат и со рехабилитација на патиштата за Крушево да биде уште подобро поврзано со другите градови и населени места и додаде дека ќе инвестираат во секој проект што значи унапредување на инфраструктурата и привлекување туристи во текот на целата година.За следните четири години, Заев рече дека е предвидено Крушево целосно да се гасифицира, со што, според него, ќе се придонесе за заштита на природата и ќе доведе до намалување на трошоците за загревање на домаќинствата.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски пак од Ново Село на митингот на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните рече дека кај Заев нема ништо европско и дека кога ќе слушнеле полна уста за Европа да веруваат дека повторно кажува една нова лага.

Според него, состојбата во сите сфери на економијата е катастрофална, а од политиките на власта најмногу биле погодени земјоделците, чие производство не се откупува, како што било со оризовата арпа, грозјето, јаболката и други земјоделски производи

-Затоа во тие говори на Заев кои се преполни со ЕУ нема да го слушнете зборот инфлација или нискиот стандард и нема да слушнете цената на млекото, на зејтинот, на брашното, споредено со минатата година е драматично зголемена, потенцираше Мицкоски.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вчера од Липково и Куманово потенцираше дека зелената агенда има решение за проблемите во општините и дека таа агенда гарантира подобар живот и по развиени општини.
-Сега  излеговме со зелената агенда, агендата на европско време, модерна, но и која го подобрува начинот на живот. Поглавјето 24 за членство во ЕУ е едно од најсложените, бидејќи животот на луѓето зависи од тоа како ја организираат животната средина. За овие години инвестиравме во кадри и горд сум што овие инвестиции се навистина докажани со нивната работа на сите нивоа, рече во својот говор
Ахмети.
Лидерот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами ја откри својата понуда пред жителите на Мала и Голема Речица, за кои рече дека се овие две тетовски населби се нивните најмоќните упоришта. Во својот говор нагласи дека оние кои најмногу сакаат промени се активистите на Движењето Беса и жителите на Мала и Голема Речица, додавајќи дека од ден на ден Движењето БЕСА се збогатува со нови луѓе од граѓанскиот сектор, бизнис секторот, здравството, образованието итн.

-Во оваа кампања забележуваме дека структурата на Движењето БЕСА секојдневно се збогатува со различни луѓе од граѓанскиот сектор, деловниот сектор, здравството, образованието итн. Младите момчиња и девојчиња се приклучуваат на нашата програма, пензионери и работници, луѓе кои дејствуват во сите сфери. А ова е резултат дека имаме најсеопфатна програма, нашата програма има конкретни решенија за сите проблеми што ги има Тетово, рече Касами.

Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива вчера имаше средба со жителите на тетовските шарпланински села Селце и Вејце. Со нив се сретнаа кандидатот за градоначалник на Тетово од коалицијата Вулент Мурсели и претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села.

Села рече дека кога зборувал со кандидатите инсистирал ветувањата да се реализираат и додаде дека нивните противници не одржале ниту едно ветување до Владата.

-Се обврзавме на законот за државјанство и го поставивме условот и го направивме. Зошто го велам ова затоа што сакаме да поставиме стандард во политиката. Нашиот стандард е зборот што се чува. Ако гледате најтранспарентни општини се општините предводени од Алијансата за Албанците и ако ги барате најнетранспарентните и најзадолжени општини ќе ги најдете општините на ДУИ, рече Села, кој повтори дека за последната трагедија во модуларната болница потребна е човечка одговорност.

На полноќ заврши рокот за пријавување за гласање на лицата со Ковид -19 или во самоизолација, откако тој рок ден претходно заврши за болните и немоќните. Овие лица, како и затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица ќе гласаат ден пред изборите односно во сабота на 16 октомври. За утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале, за нив нема да се користат уредите за биометриска идентификација, туку спреј и УВ ламба.

Локалните избори на 17 октомври ќе бидат седми од независноста досега, но трети на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Официјално кампањата за првиот круг од локалните избори почна на 27 септември, а завршува на 15 октомври на полноќ. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025
CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk