ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија го чествува Денот кога како дел од антифашистичката коалиција дојде до своја и слободна држава, денес дел од најпрогресивните демократии

October 11, 2021 14:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 Заев, заедно со владина делегација со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и со бројни граѓани од Прилеп и од другите градови од државата, со останатите делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство, на „Могилата на непобедените“, во Паркот на револуцијата во Прилеп, ги проследија содржините од празничната програма по повод 80-годишнината од Денот на народното востание – 11 Октомври.

На настанот, на кој му претходеше положување венци свежо цвеќе на споменичниот комплекс „Могила на непобедените“ во знак на сеќавање и почит кон делото и хероите од народно-ослободителната антифашистичка војна, кои заедно со своите другарки и другари од целата земја учествуваа во војната за слобода од фашизмот и за македонска држава.

Програмата за чествување на 11 Октомври –  Денот на народното востание и 80-годишнината од овој настан потоа продолжи со обраќањата на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на претседателот на Општински одбор на Сојузот на борците од Прилеп Круме Соколовски, и на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски.

Претседателот на државата Пендаровски во своето обраќање истакна дека „денес можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава“.

„Сите документи и манифести од НОБ, широката меѓународна поддршка и признание за нашата борба, недвосмислено потврдуваат дека само како дел од антифашистичката коалиција можевме да дојдеме до своја и слободна држава. Токму тоа го постигнавме на 2 август 1944-та на првото заседание на АСНОМ каде беше удрен темелот на слободната и суверена република која по своја волја се вклучи во новата југословенска федерација“, посочи Пендаровски.

Претседателот  Пендаровски потсети дека годинава, кога одбележуваме 80 години од почетокот на народното востание, прославуваме и 30 години од независноста, и дека како и партизаните пред осум децении, така и граѓаните, во 1991-та, ја препознаа уникатната историска прилика и ја презедоа одговорноста за својата иднина. Наспроти сите етнички, верски, политички и идеолошки разлики се обединивме околу идејата за независна и самостојна држава.

„Пред нас е задачата да ги чуваме слободата и демократските вредности, и посветено и одговорно да придонесуваме за соживотот. Република Северна Македонија мора да продолжи да вложува напори да биде дел од прогресивниот свет, притоа, водејќи сметка за достоинството и на граѓаните и на државата. Преку граѓанско и национално помирување, преку владеење на правото и подигнување на квалитетот на животот, да ја вратиме надежта кај младите дека можат да се остварат тука, во својата татковина. И со тоа да целиме кон праведно и слободно општество на еднакви, за какво што сонуваа нашите славни херои во чија чест сме денес овде сите собрани“, нагласи претседателот на Република Северна Македонија во своето обраќање по повод празникот 11 Октомври – Денот на народното востание и по повод 8 децении од овој настан.

На свечената програма на „Могилата на непобедените“, се обрати и претседателот на Општински одбор на Сојузот на борците од Прилеп Круме Соколовски, кој истакна дека првиот востанички истрел не бил само симболичен чин, туку автентично сведоштво за определбата на македонскиот народ и припадниците на останатите заедници да бидат на страната на антифашистичката коалиција во борба против големото зло на човештвото, фашизмот.

„На прилепските партизани и други активни дејци во Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија од 1941 – 1945 година, им припадна честа да бидат предводници на истата и ја оправдаа довербата. По нив тргнаа и останатите борци кои создадоа жешка територија за окупаторот, а со нивните акции дадоа свој придонес во целокупниот расплет на Втората светска војна. Но, беа дадени голем број на жртви. Затоа Прилеп е град херој, единствениот град во Северна Македонија кој е носител на ова високо признание добиено во 1975 година од страна на претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, маршалот Јосип Броз  – Тито, што секако ни прави голема чест, воедно, нас прилепчаните не прави, особено горди на своето славно минато“, нагласи претседателот на Општински одбор на Сојузот на борците од Прилеп Круме Соколовски, и додаде дека Боречката организација од Прилеп останува да учествува во решавањето на прашањата од темелно значење за развој на Република Северна Македонија, како и реформските зафати на патот кон Европската Унија.

Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски во своето обраќање потенцираше дека денеска стоиме пред оваа Могилата на непобедените со почит кон борците кои со своите животи ја испишаа нашата слобода, и своите имиња ги врежаа неизбришливо во каменот на историјата.

На сите, кои со својата крв ја испишаа слободата, бранејќи го интегритетот и суверенитетот на својата Татковина, која ние посветено ја градиме!

„Само така ќе се оддолжиме и кон креаторите на македонската државност, македонскиот јазик, историја, ќе се вградиме во македонската иднина. Годинава со гордост ги чествуваме годишнините од раѓањето на многу великани на македонската држава, родени во слободарски Прилеп: Блаже Конески, Крсте Црвенкоски, Борка Талески, Коле Чашуле, Благоја Корубин! Наша обврска како современици е да го исполниме аманетот! Да ја чуваме слободата! Да градиме современо општество кое се темели на демократски принципи, и во кое ќе живеат слободни граѓани“, нагласи градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.

Next Post
Social media icons

Истражување: Негативното го надминува позитивното на социјалните медиуми

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk