ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Крушево е Македонија во мало, град кој ја задолжил македонската историја и затоа мораме да инвестираме во неговата иднина

October 11, 2021 08:48
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Изминатитие четири години се остварени големи резултати и успеси, а доказ за тоа е Крушево, знаете како беше во четирите години под ВМРО-ДПМНЕ, а како е во претходните четири години под раководство на СДСМ, разликате е како небо и земја, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва во Крушево на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“.

Овде во Крушево се рехабилитираше регионалниот пат Крушево – Пуста Река во должина од 15 километри, за првпат откако е изграден, после 40 години, преку меѓуопштинска соработка се реконструираа патишта кои водат кон соседните општини Долнени и Кривогаштани, во многу населени места се поставија канализациски и водоводни системи, а Крушево доби мултифункционална спортска сала, истакна Заев.
Тој нагласи дека денеска во Крушево се унапредени условите за живот, затоа се отвораат нови можности за локален еконмски раст и развој.
Ете на тоа мислиме кога велиме Најдоброто за Крушево, на тоа мислиме кога зборуваме на инвестиции во инфраструкрата, и нема да застанеме тука. Крушево е македонската гордост, со својата разноликост на култури и традиции, Крушево е Македонија во мало, град кој ја задолжил македонската историја и затоа мораме да инвестираме во неговата иднина, нагласи Заев.
Токму тоа ќе го правиме во следните четири години преку проектите во Програмата на Томе Христовски, зад кој застануваме и ние како СДСМ, како Коалиција Најдоброто за мојата општина, порача Заев.
Тој најави дека во следните четири години предвидено е Крушево целосно да се гасифицира, за да се заштитиме оваа прекрасна природа но и да се намалат трошоците за загревање на домаќинствата.
Крушево ќе добие и нов водоснабдителен систем со што ќе се надминат проблемите со слабиот притисок во летните месеци, веќе работиме на тоа, добиени се еколошките согласности, нагласи Заев, додавајќи дека ќе се продолжи со рехабилитација на патиштата за Крушево да биде уште подобро поврзано со другите градови и населени места.
Ќе инвестираме во секој проект што значи унапредување на инфраструктурата, што значи привлекување на туристи во секој дел од годината, истакна Заев, нагласувајќи дека Томе Христоски и општина Крушево ќе ја имаат сета поддршка од Владата и инситуциите под централната власт.
Затоа што тоа го заслужувате, вие од Крушево, затоа што имате еден од најдобрите градоначалници во Македонија, од него можат да учат другите како се работи државнички, одговорно во интерес на граѓаните, така се работи за наше Крушево. Така се сака Крушево и сите негови граѓани, затоа СДСМ во Крушево на 17-ти октомври ќе победи со 12-ката уште во 12 часот, порача престедателот на СДСМ Зоран Заев од Крушево.
Next Post

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјата

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА