ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Од Оризари, симболот на пркосот праќаме силна порака дека нема да дозволиме режимот да воскресне на овие избори, да гласаме за „Најдоброто“

October 13, 2021 20:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter



„Овие локални избори се исклучително важни но не за политичките партии и за политичарите, туку за граѓаните, зашто се бира локална власт што ќе ги решава проблемите на граѓаните, со кои се соочуваат секојдневно, кои не се решени и не нудат развој“, истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски во своето обраќање во Оризари во рамките на караванот „Најдоброто за мојата општина“.

Тој нагласи дека СДСМ во изминатите години покажа и докажа дека секој граѓанин е важен, дека државата е тука за граѓаните и за добро и за лошо, пет години го гради концептот „Едно општество за сите“, кој дава еднакви можности за сите, без оглед дали живеат во село или град, помала или поголема општина, обезбедува еднава шанса за секого.

„Во изминатите години дојде најголемата поддршка од централната власт до локалните самоуправи, вложиме над 500 милиони евра во локални проекти, реализиравме 7.000 проекти во сите општини во државата“, рече Спасовски, додавајќи дека меѓу другото се изградени и реконструирани 1.040 километри патишта, 60 градинки, од кои 40 во рурални средини, 60 полициски станици.

„На овие избори треба да се избере „Најдоброто“, бидејќи СДСМ ги има најдобрите кадровски потенцијали, кои внимателно се одбрани, кои се одликуваат со чесност, одговорност, посветеност и упорност“, рече Спасовски, додавајќи дека кај ВМРО-ДПМНЕ не се менува ништо.

„ВМРО-ДПМНЕ во овие 4 години не се промени воопшто, тоа се истите луѓе кои се левата и десната рака на Груевски, Мијалков, Јанкуловска, Јанакиевски, кои владееја со притисок, закани и уцени, истите луѓе што го инсталираа режимот и ја украдоа иднината на многу млади луѓе“, рече Спасовски, додавајќи дека Мицкоски остана незрел политичар без капацитет, без став за ниту едно важно прашање во државата, што води во неизвесност и несигурност.

Тој нагласи дека со нив не се знае која е перспективата, а од друга страна СДСМ има јасна визија по кој пат треба државата да се движи.

„Од Оризари, кое беше симбол на пркосот, сега праќаме силна порака дека нема да дозволиме режимот да земе воздух и да воскреснува на овие избори“, рече Спасовски и ги повика граѓаните во недела да го дадат својот глас за „Најдоброто“за бројот 12.

„Убеден сум дека овде и во Оризари и во Велес ќе победи најдоброто, Ненад Коциќ како градоначалник, кој ја има поддршката од претседателот Зоран Заев и од целата Владата, и советот преводен од Марјанчо Николов, бидејќи на градоначалникот му е потребен тим“, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски во своето обраќање во Оризари.

Next Post

Преглед на денот: „Независната“ кандидатка со кампања дебело финансирана од ВМРО-ДПМНЕ, на македонските полиња ќе се гради ветерен парк на потегот од Куманово кон Крива Паланка

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk