ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: „Независната“ кандидатка со кампања дебело финансирана од ВМРО-ДПМНЕ, на македонските полиња ќе се гради ветерен парк на потегот од Куманово кон Крива Паланка

October 13, 2021 20:54
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На македонските полиња ќе се гради ветерен парк на потегот од Куманово кон Крива Паланка,Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари  или 54 илјади евра. Не се очекува нов бран на корона вирусот.Случајно или не, намерно или не, дали мислеше на политичарите или конкретно на неговата партија, Христијан Мицкоски изјави „ние манипулираме со народот“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја дезинформираше јавноста и за тоа од каде ќе се набавува јаглен, иако тендерот уште трае. Сè што прават авторитарните режим е привид, освен богатењето, тоа е реално…

 

 

ПОЛИТИКА, ПАНДЕМИЈА

На македонските полиња ќе се гради ветерен парк на потегот од Куманово кон Крива Паланка, кој ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија, со 69 нови ветерни турбини, објави премиерот Зоран Заев.

Имаме искуство од справувањето со кризата од пандемијата и знаеме кога и од каде да алоцираме и да обезбедиме финансиски средства доколку има потреба. Прв приоритет е нашиот народ, потоа јавниот здравствен систем, а потоа и приватниот сектор којшто треба да ги обезбеди платите за вработените.

Врз основа на договорот од Преспа со кој Република Грција доброволно се обврза да помага на институциите на Р.С.Македонија во делот на евроинтеграциите Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНР) и Хеленскиот одбор за надзор на сметководствените и ревизорски стандарди денеска во Атина ќе потпишат договор за стратешко партнерство.

После повеќе од година и половина период на пандемија, од денешна перспектива можам да кажам дека здравствената криза го забрза значително процесот на дигитализација на образованието и Република Северна Македонија е горда на постигнатите резултати. Спроведуваме постепена трансформација не само во делот на онлајн наставата, туку и во дигитализирање на учебниците и на услугите во образованието.

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за измени и дополнувања на дел од КОВИД-19 протоколите.

Изјавата на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски дадена во Битола во текот на предизборните настапи дека Македонија ќе купува јаглен од Косово за термоцентралата РЕК не е точна.

Документи кои се доставени до нас откриваат голем скандал поврзан со  кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Нејзина фирма „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз извоз Скопје“ во кои таа била управител и сопственик, со години под закуп ја има спортската сала Расадник во Кисела Вода, изјавија на денешната прес конференција од СДСМ.

 

ФРОНТ

Во преостанатите неколку предизборни денови ќе се извадат и последните скандали и афери што се чуваат за опонентните кандидати, како последен обид за нивна политичка и лична дискредитација, ако до сега во тоа не е успеано. Што е право, кампањата привршува без преголеми возбудувања, бидејќи во Македонија одамна се знае сѐ за секого, за што се погрижија и триесетина илјади прислушувани телефони во претходната деценија.

Многу пати е констатирано дека жените се тие што ја употребуваат главата почесто, повеќе и подобро отколку мажите. Тука, на многумина што ги читаат овие редови, ќе им текне на често употребуваниот израз кој упатува на ироничниот став за тоа „со која глава мислат мажите“.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае да понуди ништо ново туку само препишува од идејните решенија на СДСМ докажува и неговата најава на иновативни решенија за гасификацијата на земјава, проект кој премиерот Зоран Заев го спроведе како градоначалник на Струмица уште во 2012.

Синоќа во гевгелиско Негорци, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, оствари средба со жителите во рамки на кампањата Најдоброто за мојата општина. Филипче во своето обраќање ги истакна политиките на Владата предводена од СДСМ кои се однесуваат на растот на економијата и унапредувањето на образовниот и здравствениот систем во земјава, информираат од СДСМ.

„Независната“ кандидатка со кампања дебело финансирана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска продолжува во јавноста да шири неинформираност и непознавање на законите, мислејќи дека некој може да продаде јавен имот и парите да ги снема. Тоа можеби некогаш и можеше да се случи, кога владееше нејзиното ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Дарко Костовски, кандидатот за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ добил пресуда да плати казна од 400 евра за нарушување на јавниот ред и мир, пренесува Слободен печат.

Владата на Република Северна Македонија со своето секојдневно работење стои на располагање на секоја општина во земјава. Не правиме поделби на мали и големи општини, зашто нашиот концепт уште од почетокот беше јасен и прецизен: живот за секој еден во земјава, рече Филипче.

Next Post

Сашко Николов: Штип ќе го шириме во модерна и убава европска општина

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk