– На македонските полиња ќе се гради ветерен парк на потегот од Куманово кон Крива Паланка, кој ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија, со 69 нови ветерни турбини, објави премиерот Зоран Заев.
Ова се придобивките од Законот за стратешки инвестиции. Големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата и носат храбри одлуки за инвестирање во Северна Македонија, вели Заев.
Премиерот во видео пораката истакнува дека ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија, од независноста до денес. Германската компанија WPD ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана, во вредност од околу 500 милиони евра, вели Заев.
На прес-конференција во присуство на амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на германската компанија WPD, вчера премиерот Заев нагласи дека ова се придобивките од Законот за стратешки инвестиции.
Големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата и носат храбри одлуки за инвестирање во Северна Македонија, потенцира Заев.
Асошиејтед прес, Ројтерс, Екатимерини и други светски медиуми известија за големата инвестиција на германската компанија во ветерна електрана во Северна Македонија, која ќе произведува 415 мегавати чиста и зелена енергија.
Медиумите се осврнуваат на стратегијата на Владата на Северна Македонија за целосна замена на јаглените електрани до 2030 година и напоменуваат дека оваа инвестиција е крупен чекор кон остварување на таа цел.
Ј. Ѓ.