ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Договор за стратешко партнерство на регулаторните тела за ревизија на Северна Македонија и Грција

October 13, 2021 07:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Врз основа на договорот од Преспа со кој Република Грција доброволно се обврза да помага на институциите на Р.С.Македонија во делот на евроинтеграциите Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНР) и Хеленскиот одбор за надзор на сметководствените и ревизорски стандарди денеска во Атина ќе потпишат договор за стратешко партнерство.

Како што се наведува во соопштението од СУНР, стратешкатата соработка помеѓу двете реулаторни тела ќе овозможи развој на внатрешните капацитети на Советот за унапредување и надзор на ревизијата и целосно усогласување на неговите законски надлежности и уредбата за ревизија на правните лица од јавен интерес со европските директиви.

-Хеленскиот одбор се става на целосно располагање за да се воспостави ефикасен и ефективен систем на јавен надзор над ревизорската професија во Северна Македонија во согласност со европската пракса. Со тоа ќе се зајакне јавната доверба и ќе се постигне поголема економска активност и интерес на македонските компании. Хеленскиот одбор се обврзува да го менторира патот на Советот кон интегрирање во Комитетот на европските ревизорски надзорни тела (CEAOB), со што на Советот ќе му се овозможи пристап до европски искуства и практитки кои се од значење за регулирањето на ревизорската професија во РСМ. Сите активности ќе бидат финансирани од ЕУ преку обезбеден фонд од средствата од ТВИНИГ програмата за институционален развој на земјите кандидати за членки во ЕУ. На овој начин ќе се овозможи ревизорите од Р.С.Македонија да се интергрираат во единствениот пазар на ревизорските услуги од ЕУ и признавање на издадените лиценци за работа на носителите на ревизорските активнисте во Р.С.Македонија, нагласи претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, Ване Цветанов.

Според Цветанов, Хеленскиот одбор за надзор на сметководствените и ревизорските стандарди, како ментор ќе помогне за целосна хармонизација на законот за ревизија со највисоките стандарди на Меѓународниот форум на независни ревизорски регулатори (IFIAR). Истовремено ќе помогне и во градењето на институционалните капацитети, дигитално и кадровско зајакнување на СУНР преку заеднички учества и апликации во Европските фондови, се посочува во соопштението.

Под менторство, лобирање и помош на грчкото ревизорско регулаторно тело, Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Р.С.Македонија ќе го започне процесот на апликација за полноправно членство во IFIAR, кој се очекува да заврши, како што се наведува, за рекордни 12 месеци./МИА/.

Next Post

Нов круг консултации со Софија до крајот на октомври, Скопје се надева на решение по изборите во Бугарија

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk