Иван Јованоски, лицето кое беше предводник на групата која го направи циркуз при одбележувањето на празникот 11 Октомври во Прилеп, според јавните податоци на фејсбук е главниот канал за финасирање на кампањата на Левица за локланите избори на социјалните медиуми, пренесува Центар.
Иван Јованоски е потпишан дека лично го плаќа спонзорирањето на околу 120 реклами кои се објавени на оваа платформа, на 20тина различни фејсбук страни.
Поточно Иван ја финансира кампањата на Левица во родниот Прилеп, во Охрид, Струга, Велес, Гевгелија, Куманово, Делчево, Кисела Вода и други општини. Иван Јованоски лично ја покрива кампањата на социјалните медиуми и на кандидатот Александар Димитријевиќ, кандидат за градоначалник на Левица за Ѓорче Петров, на Дарко Ристовски за Карпош, Андреа Јанков за Центар, Јулијана Штрковска Колариќ за Кисела Вода.
Се поставува прашањето колку пари има потрошено Иван Јованоски за финансирање на кампањата на Левица во сите овие општини и дали се ова негови лични парични средства, дали со банкарска картичка ги плаќа рекламите, имајќи во предвид дека ова е единствениот начин за плаќање на реклама на Фејсбук?