ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Макрадули: Ќе продолжиме да работиме посветено, вработените не треба да бидат загрижени за исплатата на плати

October 15, 2021 17:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешниот состанок ги уверивме двата синдикати дека како Управен одбор ќе продолжиме да работиме посветеново за добробит на сите. Ги уверивме дека не треба да бидат загрижени за финансиската стабилност за испплата на плати. Денеска уште утрово, во законски рок, како што е предвидено, беше исплатена платата за сите 2.400 вработени, истакна на денешната прес-конференција генералниот директор на АД „Пошта“ Јани Макрадули.

Тој наведе дека на состанокот било договорено, по зголемувањето на минималната плата од 1 јануари, да се разговара како ќе го зголемат бодот, односно како да ја зголемат платата на вработените.

Макардули истакна дека по денешниот протест на вработените во АД „Пошта“ во Охрид, одржал состанок со претставници од двата синдикати, каде нагласил дека откако е составен новиот Управен одбор, од 11 ноември досега се потпишани 87 договори со нови комитенти.

– Воведена е за прв пат електронската трговија каде што во овој момент има 14 коминтенти коишто продаваат производи преку нашата платформа, воведени се нови услуги, воведена е флексибилната достава. АД „Пошта“ на Северна Македонија има најбрза и најефтина цена за достава, како во Скопје, така и низ земјата. Вложивме како инвестиција ќе ни има и во новиот шопинг мол „Ист гејт“ каде што воведуваме нова услуга со „ќеса на адреса“ и со сите тие услуги ги уверивме претставниците на синдикатите да не се грижат за идинината и вработените да не се грижат како за своите работни места, така и за платата, бидејќи сите овие постапки и чекори кои што се направени  носат резултати, потенцираше Макрадули.

Тој додаде дека во првите шест месеци од оваа година зголемени се приходите од поштенски услуги од писмоносни приходи за 10,3 милиони денари, приходите од пакети зголемени се за 1,7 милиони денари, зголемена е продажбата на марки на филателистичкиот пазар и приходите се зголемени за 0,9 милиони денари.

– За жал платниот промет којшто беше отежнат, односно не постоеше поради стечајот на „Евростандард банка“, сега го заживуваме со „Халк банка“, се уште во споредба со минатата година бележи загуби, но тенденцијата е дека сега веќе сме стигнати до неколку милиони трансакции, педесетина милиони денари од провизијата што ја имаме во однос 71/29, многу повеќе отколку што имаше во претходниот период со „Евростандард банка“, нагласи директорот на АД „Пошта“.

Макрадули информираше дека во овие девет месеци се исплатени 70 милиони денари, што е, како што рече, за 30 милиони денари повеќе исплата кон компаниите во споредба со 2020 година.Тој додаде дека Управата има за цел една година после составувањето на овој Управен одбор, да нема повеќе долгови од 2020 година.

– За да ги зголемиме приходите и да бидеме поприсутни, бидејќи мотото на овој управен одбор е „да ја вратиме Пошта кон граѓаните“ аплициравме во Министерството за информатичко општество и администрација да станеме е-точка за услуги бидејќи ние имаме мрежа, компијутерска и податочна на 335 места низ државава и на тој начин и Владата ќе биде потранспаретна и подостапна, но пред се на граѓаните ѓе им бидат олеснети некои услуги, рече Макрадули.

Имено, како што претходно јави МИА, денеска вработените од подружниците на „Македонска пошта“ од Охрид, во нивно и во име на колегите од Струга и Дебар, преку протест ги посочија лошите услови за работа, како и пролонгираните исплати на месечните лични доходи на вработените.

На денешниот протест во Охрид тие побараа навремена исплата на плати, одржлив развој, инвестирање и одржување во основните средства за работа, како во делот на платниот промет, така и во делот на достава.

Според нив, исплатата на месечните лични доходи на вработените се пролонгира со задоцнувања од месец во месец, се работи со дотраени средства за превоз на поштенските пратки, како и несоодветни униформи, што сето заедно неповолно се одразува на квалитетот на услугите што ги дава субјектот.

– Бараме од менаџерскиот тим да има посериозен пристап и да покажат разбирање дека сепак во прашање се егзистенцијални прашања на сите вработени…Да се преземат конкретни мерки и чекори за решавање на ваквата состојба и нормално функционирање на „Македонска пошта“, како што доликува на една ваква компанија која е од стратешки интерес на државата, изјави Тони Матески, претставник на Синдикатот на „Македонска пошта“.

Тој посочи дека вработените се соочуваат со недостиг или несоодветно одржување на основните средства за работа, од соодветни компјутери, принтери, тонери, хартија, се до дотраеноста на средствата за физичка достава на пратки./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk