ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НБ: Поставеноста на монетарната политика засега е соодветна, неопходно е внимателно следење на инфлациските движења 

October 15, 2021 14:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со олабавената монетарна политика, како и со сите одлуки и мерки коишто ги донесе од избувнувањето на корона-кризата наваму, Народната банка (НБ) дава значаен придонес за поддршка на финансиската стабилност и на македонската економија во целина. Поставеноста на монетарната политика засега е соодветна, сепак неопходно е внимателно следење на инфлациските движења, а особено инфлациските очекувања и можните пренесени ефекти во контекст на растот на платите.

Ова, како што информираат од НБ, го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на средбата со тимот од Одделот за Европа во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од шефицата на Мисијата, Берглјот Баркбу. Средбата беше остварена во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Како што посочи гувернерката на состанокот, Народната банка будно ги следи движењата во македонската економија. Бидејќи неизвесноста и натаму е присутна, Народната банка е подготвена соодветно одговори на случувањата, во рамките на своите надлежности и своите одлуки да ги комуницира на транспарентен начин.

ММФ, во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед, очекува дека инфлацијата во просек ќе достигне ниво од 3,1 процент во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2 процента во 2022 година.

Како што беше нагласено на средбата, тековните движења на цените во Северна Македонија се во согласност со глобалните случувања. Најголемиот двигател на неодамнешното зголемување на инфлацијата се глобалните цени на енергенсите, пред сѐ на нафтата и гасот. Притоа, нарушувањата на глобалните синџири на снабдување и „тесните грла“ вршат притисок врз цените на трајните добра, особено по брзото закрепнување на побарувачката.

Ефектот од повисоките цени на енергенсите и неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката се очекува да се исцрпи во 2022 година. Дополнително, ниту еден од овие фактори нема да реагира на промените во монетарната политика. Сепак, централните банки, вклучително и Народната банка, ќе треба внимателно да го следат развојот на настаните за да осигураат дека евентуални повисоки очекувања за инфлацијата нема да предизвикаат продолжен раст на платите.

Next Post

Муиќ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба бил осуден на казна затвор за продажба на дрога (ДОКУМЕНТ)

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk