ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на Бесими со претставници на МИГА: Можност за поддршка на проекти за енергетска транзиција

October 15, 2021 18:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Планираните проекти на земјава во енергетскиот сектор, инвестициите во јавно-приватни партнерства, како и донесувањето и имплементацијата на новиот План за финансирање на економското заздравување и забрзаниот раст беа тема на состанокот што министерот за финансии Фатмир Бесими, заедно со претставници од Министерството за финансии го одржаа во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската Банка, со Олга Шловскаја, регионална директорка на Мултилатералната агенција за гарантирање на инвестициите (МИГА) за Европа и Централна Азија и Сарвеш Сури оперативен директор во МИГА.

Како што соопшти Министерството за финансии, Бесими на средбата истакнал дека државата има амбициозен, но остварлив план за енергетска транзиција. Предвидени се повеќе проекти, како интерконективна гасоводна врска со Република Грција, дополнителни фотоволтаични капaцитети, ветерни паркови, а со цел за да се замени јагленот со други алтернативни извори на енергија. На тој пат, како што рече, потребно е да се утврдат приоритетите на проектите, нивната динамика, како и меѓународна поддршка.

На состанокот била потенцирана можноста МИГА да понуди осигурување за проекти за јавно-приватно партнерство во делот на енергетиката, како и решенија за подобрување на кредитот за финансирање проекти кои бараат јавно финансирање.

– МИГА е меѓународна организација за поддршка на странски инвестиции, основана како дел од Групацијата на Светската банка. Таа издава гаранции за осигурување од комерцијални ризици, како што се пренос на валути, експропријација, прекршување на договорни одредби, воени и социјални немири и слично. Активности кои ги покрива на глобалниот пазар на осигурување на инвестициите се: зголемување на капацитетот на другите јавни и приватни агенции за осигурување од политички ризици преку коосигурување и реосигурување, инвестициско осигурување во други земји, полиси за осигурување од страна на агенциите, како и услуги на инвеститорите кои немаат пристап до официјални агенции за осигурување од политички ризик, наведуваат од Министерството.

МИГА, додаваат, веќе има издадено гаранции за повеќе инвестициски проекти во земјава: гаранции на компанијата „Цементарница УСЈЕ“, „Прокредит Банка“, „Стопанска банка“, „НЛБ Банкa“ и други.

На состанокот било посочено на приоритетните цели на Министерството за финансии, при што бил дискутиран Планот за финансирање на економското заздравување и забрзаниот раст за периодот 2022-2026 година, кој меѓу другото нуди и детален увид во традиционалните и иновативните начини на финансирање на инвестициските проекти на јавниот и приватниот сектор.

извор: МИА

Next Post

Марковски-Никола: Северна Македонија и Албанија се најголеми генератори на стабилноста на Западен Балкан

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk