ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Даштевски : ДИК е максимално подготвена за Локалните избори, се надевам на подобри избори поради гласање со отпечаток од прст

October 16, 2021 11:00
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) е максимално подготвена за Локалните избори, изјави во интервју за МИА претседателот на Комисијата Александар Даштевски, и нагласува дека идеални избори не постојат, но се надева дека овие избори ќе бидат многу подобри од кои било други досега бидејќи се воведува гласање со отпечаток од прст, пренесува ЦИВИЛ.

-Можеби ќе има некакви проблеми, но ќе спречи најголем дел од нерегуларностите што постоеа кај нас. Затоа и се договорија големите партии да го воведат овој начин на гласање, вели Даштевски во интервјуто.

Потенцира дека недоверливиот и доверливиот материјал во којшто спаѓаат и уредите за биометриска идентификација се навреме доставени до општинските изборни комисии и до изборачките одбори, како и дека за спроведување на изборите со уредите се направени три циклуси на едукација на нивните членови. За денот на изборите, на 17 октомври, ќе бидат ангажирани 400 ИТ инжинери и експерти, 320 од ДИК и 80 од компанијата „Дермалог“ од која се набавени уредите, кои ќе се погрижат да се надминат сите проблеми со нивната примена.

Даштевски  за јавноста уште еднаш појаснува каква ќе биде постапката за гласање, нагласувајќи дека е казнив секој обид за манипулација или неправилност или оштетување на уредите за проверување на отпечатоците од прсти на гласачите. Потенцира дека се што се внесува како податок или колектира во уредите за отпечатоци од прсти ќе се проверува на брзи скенери во Државната изборна комисија.

– Кај нас овде во ДИК има специјални брзи скенери кои ги проверуваат брзо податоците. Никако не смее да стави отпечаток од прст друго лице бидејќи веднаш ќе се открие овде кај нас и ќе се поништи гласањето на тоа место, а од друга страна тие што го направиле тоа може да сносат и одговорост поради тоа бидејќи тоа не е дозволено. И мора да спомнеме дека мора внимателно да се управува со тие уреди, тоа важи и за гласачите и за членовите на избирачкиот одбор бидејќи доколку се случи да се оштети или, не дај боже, да се скрши уредот, тогаш постои кривична одговорност бидејќи се работи за уред кој ги содржи доверливите податоци на луѓето. Најдоверливите затоа што никаде на друго место ги нема отпечатоците на прсти, дури ни во избирачкиот список. Треба внимателно да се управува бидејќи доколку се случи нешто постои одговорност бидејќи тоа е оштетување на доверливиот материјал. И тоа треба да го знаат сите, јавноста. Во време на носење или после тоа тие се многу заштитени. Имаат кутии кои се заштита од вода, удар, прашина итн. Фактички нема можност нешто да се случи додека не се извади апаратот од кутијата, потенцира Даштевски.

Најавува дека на овие избори резултатите ќе бидат објавени околу или после полноќ бидејќи ќе се споредуваат.

– Ќе бидеме внимателни, бидејќи постојат уредите за да пресметаме добро за да не испадне да објавиме едни па после да испаднат други. Така што малку поспоро ќе оди, меѓутоа има држави каде што резултатите ги чекаат по еден месец. На Косово бидејќи се отворени листи тешко се пребројуваат, некогаш ги чекаат и по еден месец, вели Даштевски во интервјуто за МИА, што ќе биде објавено утре.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk