ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК ја отфрли претставката на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности

October 20, 2021 15:06
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 53-та јавна седница ја отфрли претставката за изборни нерегуларности за Локалните избори 2021, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, заради одлуката на Владата донесена на 111-тата седница одржана на 13 октомври со која даде согласност за договор за доделување финансиска поддршка за 160 правни лица врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, донесен на два дена пред објавување на изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ на 15 октомври до ДКСК поднеле приговор во кој се содржани наводи за прекршување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик во кои бараат да се преземат сите законски дејствија и да поведе постапка за одговорност пред надлежните органи заради тоа што по распишувањето на изборите на 6 август годинава на 111-тата седница на Владата одржана на 13 октомври годинава донесени се 160 одлуки за давање на согласност за договор за доделување финансиска поддршка за 160 правни лица врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој официјално е донесен на 4 август годинава, односно два дена пред да биде донесено решението за распишување на локалните избори.

Во образложението за одлуката од ДКСК посочија дека од објаснувањето што навремено го добиле од Генералниот секретаријат на Владата се гледа дека не е извршена исплата, а во образложението од Секретаријатот за законодавство се вели дека не е надлежен да се произнесе за склучување договори и анекси на договори согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, но се додава дека треба да се имаат во предвид законските ограничувања околу исплатата во време на избори. Согласно тоа, бидејќи нема исплата на средства и со тоа не се прекршува Законот ја отфрлиле претставката.

-Постапуваме исклучиво дали се извршени или не се извршени исплати на договорите, тоа е нашата надлежност во овој момент, со тоа што не се извршени исплати предлагам да се отфрли претставката. Дали ќе бидат и кога ќе бидат исплатени ќе следиме во наредниот период. Но, сепак согласно укажувањата предлагам да се направи анализа на сите исплати од страна на Комисијата за евалуација на Владата и како ДКСК да продолжиме со анализа и доколку е потребно да утврдиме предмет, рече членот на ДКСК Владимир Георгиев кој го работеше предметот.

Нагласи дека од Генералниот секретаријат на Владата во прилог до ДКСК бил доставен одговор од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања со табеларен приказ на сите што биле исплатени во 2020 година по Законот за финансиска поддршка на инвестиции во кој се вели дека не се работи за вонредни исплати, туку за исплати согласно законот за кој претходно се обезбедени и испланирани средства во Буџетот.

-Во прилогот се вели дека исплатата требало да биде еднократна, се врши до крајот на годинава и се однесува за инвестиции направени во 2020 година. Во еден дел се вели дека ќе се плаќа во две транши и оти ќе почне да се исплаќа и во 2022 година. Се посочува дека и самото потпишувањето на договор и анексот на договорот не значи исплата, туку таа се реализира само ако се исполнети условите, рече Георгиев.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска порача дека сите вакви примери што влијаат врз избирачкото тело ќе бидат нотирани во последниот Извештај до Собранието.

-Не е прв случај да не се прекршува Изборниот законик, а да се врши суптилно влијание. За мене е проблематично што законот е донесен во многу скратена постапка. Истите пратеници кои го донесоа Законот за спречување корупција продолжуваат да носат закони по скратена постапка. Тајмингот на негово носење непосредно пред објавувањето на изборите претставува суптилно влијание врз потенцијалните гласачи, рече Ивановска.

Како ризичен фактор беше оценето  решението во Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите за смалување на просторот на Агенцијата за странски инвестиции за евалуација на договорите за државна помош и нејзино сконцентрирање во Владата.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Герасимовски: Нема отстапка за прекршителите на законите, Водно останува заштитено од уништување

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Жесток напад на Трамп кон Лиза Монако директорка на „Мајкрософт“ – бара да и се даде отказ на

September 27, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

September 27, 2025

Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при ЕК ќе говорат на седмата „ЕдуКонференција“ во Струга

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk