ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

October 22, 2021 12:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува до крајот на годинава да имаат предлог за новиот закон за градење и верува оти ќе се донесе најдоброто решение за сите страни.

Бочварски во обраќањето на стручната расправа за новиот предлог-закон за градење, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, истакна дека со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економски развој, ќе се стимулира инвестирањето во градењето, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките, но и ќе се овозможи разрешување на голем број наталожени проблеми кои постојано се јавуваат во оваа област.

– Со оглед на тоа дека постојниот закон е менуван преку 30-на пати и е многу често кочница за развојот на општините и на државата, се определивме да креираме целосно нов закон за градење кој ќе има за цел да ги забрза процедурите и да го стимулира просторниот и економскиот развој на државата, рече Бочварски.

Образложи дека со новиот предлог закон се обезбедува поголема општа и оперативна ефикасност на системот за уредување и контрола на просторниот развој и градењето. Се дефинира статусот, посветеноста, поставеноста на правата и обврските на учесниците во градбата, а за првпат се уредени и сите видови акти за градење што ги регулираат сите видови градби.

Со него, како што рече, се регулира целосно процесот на градење патишта, водоводи, железници, ветерници, градски улици, канализација и се она што се гради во државава.

– Без овој закон нема развој и нема одење напред, нема движење напред на државата, посочи Бочварски, додавајќи дека со ова законско решение ќе се зајакне и надзорот над градењето со тоа што општинските инспектори стануваат дел од државниот инспекторат за урбанизам и градежништво преку оформување на регионални подрачни единици.

Тој дополни дека ќе се скратат постапките за издавање на актите за градење со воведување на обединета постапка за сите видови на акти за градење. Понатаму, посочи министерот, ја зголемуваме транспарентноста, инклузивноста, партиципативноста и стручноста во процесот и на носењето на законот и потоа во делот на примената на овој закон.

– Министерството за транспорт и врски ја продолжува праксата на носење реформски закони со вклучување на стручната фела, на сите институции, бизнис коморите, асоцијациите и сите заинтересирани страни во оваа дејност. Во една траснпарентна постапка, можеби малку побавна, но транспарентна со вклученост на сите заинтересирани страни беше донесен и законот за урбанистичко планирање, но така на истиот начин се носи и овој закон за градење, рече Бочварски. /МИА/.

Next Post

Димитров: Потребни ни се фокус и акција, да го искористиме искуството како катализатор за придвижување

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

August 8, 2025

Форд повлекува над 312.000 возила поради проблем со сопирачките

August 8, 2025

Американска двојка доби здраво бебе од ембрион што бил замрзнат 31 година

August 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е „Сторм-1516“- групата за дезинформации поврзана со Кремљ која стои зад руските лажни наративи што ја преплавуваат Европа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Масев осуден на четири години затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • OpenAI го претстави GPT‑5, достапен за сите корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk