ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Димитров: Потребни ни се фокус и акција, да го искористиме искуството како катализатор за придвижување

October 22, 2021 12:32
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска заедно со Михаела Матуела од Генералниот директорат на Европската комисија за соседство и проширување, надлежна за Северна Македонија и Албанија, копретседаваше со годишниот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет, како највисоко тело во рамки на користењето на ИПА фондовите.

Како што соопшти СЕП, со цел да се направи преглед на спроведувањето на средствата алоцирани преку ИПА, вицепремиерот Димитров нагласи дека наодите од Извештајот на Еврокомисијата за Северна Македонија ќе се користат како референтна точка за рационализирање и управување со реформите кои произлегуваат од европската агенда за да ги обезбедиме европските стандарди за нашите граѓани преку ЕУ фондовите.

– Потребен ни е фокус и акција, досегашното искуство и предизвиците да ги искористиме како катализатор за да создадеме појасна слика за нашите следни чекори и да одиме одлучно напред. Искрениот, партнерски пристап и подобрувањето на координацијата во спроведувањето на ИПА се клучните предуслови за постигнување на заедничките цели, рече Димитров.

Покрај прегледот на генералното спроведување на ИПА, на состанокот се дискутираа и конкретните проекти со посебен акцент на областите како заштита на животната средина, транспортната инфраструктура кои бараат значителни инвестиции, како и регионалните политики и координацијата на структурните инструменти во рамки на Поглавјето 22.

Со оглед на потребата од воспоставена институционална рамка и соодветен административен капацитет за програмирање, спроведување, мониторинг и евалуација на фондовите, беа нагласени заложбите за унапредување на ИПА структурата во националните институции. Беше разгледано и функционирањето на секторските мониторинг комитети како инклузивни механизми за насочување на политиките и програмите на секторско ниво.

На шестиот по ред состанок присуствуваа претставници од државните институции кои спроведуваат ИПА фондови, претставници на Делегацијата на ЕУ, претставници на секторските работни групи и на донаторите кои се активни во земјата и граѓански организации. Претставниците на Европската комисија ја поздравија посветеноста за соодветно искористување на ИПА средствата со цел постигнување на суштински реформи во интерес на граѓаните, стои во соопштението на СЕП.

Беа усвоени заеднички заклучоци кои ќе придонесат кон надминување на предизвиците и отворените прашања, при што Секретаријатот за европски прашања редовно ќе го следи исполнувањето на овие заклучоци и препораки во утврдените рокови. /MИА/. 

Next Post

Пендаровски – Шмид: Подготвени сме да дадеме активен придонес во промоцијата на вредностите на ОБСЕ

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk