ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски – Шмид: Подготвени сме да дадеме активен придонес во промоцијата на вредностите на ОБСЕ

October 22, 2021 12:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Подготовките за претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и севкупната соработка со Организацијата, беа тема на разговор на средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата истакна дека нашата држава високо ја цени долгогодишната соработка и дијалог со ОБСЕ и посочи на значајниот придонес на Мисијата на Организацијата во Скопје во поддршката на реформските процеси и во функција на севкупниот напредок на државата и исполнување на нејзините европски аспирации.

Република Северна Македонија, како што посочи Пендаровски, е важна експертиза на ОБСЕ во однос на судските реформи, борбата против корупцијата, доброто владеење, како и изборните реформи во линија со препораките и европските стандарди.

Претседателот Пендаровски, како што се наведува во соопштението, се заблагодари за тековниот ангажман на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2021 година и изрази уверување дека наодите и заклучоците на мисијата ќе послужат за натамошно унапредување на изборниот процес.

На средбата претседателот Пендаровски и генералната секретарка Шмид разменија мислења во однос на подготовките за претседавањето на земјава со ОБСЕ во 2023 година.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја истакна подготвеноста на Северна Македонија да даде активен придонес во промоцијата на вредностите и заложбите на ОБСЕ и изрази очекување дека претседателството ќе придонесе за видлива промоција на нашата држава како активен чинител на мултилатерален план. /МИА/.

Next Post

Мурињо ја презеде одговорноста за катастрофалниот пораз во Норвешка

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk