Меѓународниот економски форум Перспективи и друштвото Промо Глобал, синоќа во Дубровник – Р.Хрватска, ги доделија наградите за најуспешните локални заедници од Централна и Југоисточна Европа за претходната 2020-та година.
Меѓу 7-те најуспешни локални заедници оваа година се најде и Општина Крива Паланка. Наградата беше врачена од директорот на Промо Глобал – Гордана Ковачевиќ и од потпретседателот на управниот одбор Синиша Жариќ.
Плакетата се доделува на локални заедници кои во претходната година постигнале видливи и значајни резултати во инвестирањето и подобрувањето на условите за живот во локална заедница.
Манифестацијата Глобал Локал оваа година се организира по 7-ми пат, а награди се доделуваат во 7 различни категории.