„ВМРО-ДПМНЕ го постигна својот максиум. Шансата е за нас во вториот круг да ја завршиме работата и да имаме балансирана слика на крајот на изборите“ кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во дебатата на АлсатМ.
Тој додаде дека секој ден, помеѓу луѓето се разговара за грешките, за тоа што може да се направи и е убеден дека ситуацијата на терен се подобрува.
„Очекуваме победа во сите 25 општини каде што имаме водство по првиот круг и очекуваме пресврт во најголем дел од оние општини каде што немаме водство“ рече Маричиќ.
Тој додаде дека челновите на СДСМ работат на максимална мобилизација на целото членство, но и слободоумните граѓани со цел прогресивната сила да продолжи да оди напред и да не дозволи враќање на земјата назад.
Задоволни сме од коалицијата, ќе покажеме дека прогресивните граѓани се мнозинство
„Секаде каде што можеше се даде меѓусебна помош и поддршка. Задоволни сме, но насочени сме кон тоа во вториот круг да извадиме уште подобар резултат“ кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во дебата на АлсатМ.
Тој додаде дека постои принципиелен договор и соработка помеѓу владините партнери и дека секаде каде што може ќе се договори поддршка за вториот круг од локалните избори.
„Како владејачка коалиција сите партнери дадоа поддршка. Затоа ќе дадеме максимум за да докажеме дека прогесивните граѓани и прогресивните сили во оваа држава се мнозинство“ кажа Маричиќ.
Тој додаде дека граѓаните не треба да се грижат, бидејќи со нивната поддршка ќе продолжиме да чекориме по зацртаниот пат, со научени лекции.
„Нашата коалиција е сигурна и продолжуваме со цврска програма, јасни приоритети и конкретни проекти. Должни сме да направиме анализа за да откриеме каде е грешка, каде централната власт имала влијание врз расположението“ кажа Маричиќ и додаде дека се подготвени и отворени за разговор и промени во политиките, темпото па и за кадровски прашања.