ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сепак имало притисоци врз историчарите, ама од Мицкоски, денеска уште еднаш самиот потврди

October 22, 2021 18:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако пред само една недела му бил продолжен договорот  членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу  Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев,  денеска се повлече од работата на седумчлениот тим.

И додека останатите негови колеги и Владата го демантираат, лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го саботира процесот на преговори меѓу двете земји и да го загрози процесот за влез на Северна Македонија во ЕУ  повикувајќи ги и останатите членови да поднесат оставки.

-Шокиран сум од веста дека Ванчо Ѓоргиев поднел оставка од член на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, а веднаш ги повикувам и останатите членови на Комисијата да ја следат неговата постапка, изјави денеска во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Оставката се случува во момент кога Комисијата онлајн ја одржува 15-та седница, која се случува во изборен период во двете земји – во Северна Македонија заврши првиот круг од локалните избори и тече кампањата во пресрет на вториот круг, а во Бугарија во тек е кампања за претседателските и предвремените парламентарни избори, што се закажани за 14 ноември, со што се гледа тенденциозност на постапката на Ѓорѓиев, а тоа е работа во корист на политички поени за ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓoрѓиев истакнува дека комисијата била под силен политички притисок од врвот на МНР и дека без негова согласност е прифатена промена на учебникот по историја но од македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија се изненадени од соопштението на Ѓорѓиев за неговата оставка.

-Со колегата д-р Ѓорѓиев изминатите три години заедно и посветено работевме во Комисијата и донесовме добри решенија со кои сметаме дека помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници и затоа сме крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение, велат тие.

Од Комисијата укажуваат дека  научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии.

По најновата средба која започна вчера, од Комисијата велат дека разменетите предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и црвените линии усвоени во Собранието, за кои што зборува Ѓорѓиев.

И Владата ги демантираше обвинувањата на Ѓорѓиев. Тврдат дека во ниту еден момент ниту се мешале, ниту имале какво било политичко влијание во работата на комисијата.

Објаснуваат дека Ѓорѓиев пред една недела со слободна волја го потпишал договорот за продолжување на неговиот ангажман како член на Комисијата.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска на прес-конференција, тврдеше дека МНР никогаш не вршело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките што ги носат членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Бугарија.

Тој истакна дека за него е најважно Комисијата да продолжи со работа и оти МНР ќе продолжи логистички да го поддржи тој процес, и ниту се мешало ниту ќе дозволи да се меша во содржината и во одлуките што ги носат историчарите.

Според Османи, повеќе загрижува фактот што нема напредок на состанокот, „отколку тоа дали еден член поради различни причини се повлекол“.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk