ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со Шведска и Полска

October 22, 2021 13:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со овогодишниот претседавач Шведска и претседавачот во 2022 година Полска, додека веќе во 2021 година ќе претседаваме со медитерански партнери за соработка на ОБСЕ како генерална проба за нашите обврски како претседавач со организацијата во 2023 година.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, посочи дека денешната работна средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, била искористена генерално за прашања поврзани со процесот на организација и самото претседавање на нашата земја со ОБСЕ, која како што посочи, претставува најголемата регионална организација на северната хемисфера која опфаќа 57 земји учеснички, протегајќи се на три континенти Европа, Азија и Америка.

– Очекуваме исполнета и конструктивна агенда и успешно претседавање во 2023 година. Претседавањето со организацијата сериозно ќе придонесе кон зајакнато позиционирање на земјата во меѓународни рамки како конструктивен актер и сериозен придонесувач во зачувување на мирот, стабилноста и соработакта, изјави Османи.

Тој изрази уверување дека државата ќе вложи максимум процесот на претседавање да биде отворен, инклузивен и целисходен, како и дека ќе бидеме ориентирани кон креирање решенија кои ќе овозможат напредок и позитивни придвижувања на процесите во организација.

Посетата на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, и денешниот состанок во МНР, бил искористен во насока на соработката и поддршката во фазата на подготовка и самото претседавање на земјата со организацијата во 2023 година.

-Претседавањето со ОБСЕ е чест и сведоштво за вашата посветеност на регионална соработка. Тоа е комплексна задача, меѓутоа носи и големи политички придобивки. Тука е генералниот секретаријат и јас да ви помогнеме за вашето претстојно претседавање со организацијата, изјави Шмид.

ОБСЕ, посочи Шмид, е единствена платформа за разговори за безбедносни прашања, како и дека прашањата кои се однесуваат на безбедноста мора да се разгледуваат и од гледна точка на животната средина, почитување на човековите права и владеењето на правото.

– Секако Северна Македонија придонесува кон безбедноста, веќе постигнавте голем напредок во последните години во реформирањето на вашето законодавство како дел од процесот на пристапување кон ЕУ, обезбедувајќи почитување на сите етнички заедници, изјави Шмид, поздравувајќи го учеството на земјата во регионалниот проект за мониторинг, во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Нашата мисија, нагласи Шмид, соработува со ДКСК во борбата против корупцијата, вклучително и за корупција во областа на животна средина, потоа со МВР за постигнување професионална деполитизирана полициска служба во земјата, како и дека работи во областа на родовата еднаквост и сензивитирање на целото законодавство во контекст на родовата еднаквост. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

Одвојувањето на Северна Македонија и Албанија не зависи од нас, меѓутоа ќе се даде сила повеќе ако се држат заедно, смета Османи

НАЈНОВО

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

September 27, 2025

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk