„Денес започнуваме со асфалтирање на бул. Киро Глигоров на потегот од мостот Близнак до крстосница со ул. Перо Наков. Откако Град Скопје заврши со поставувањето на атмосферска и фекална канализација, денес веќе се финишира и со коловозот во должина на трасата од 682 метри. Рокот за завршување на овој сериозен зафат беше девет месеци до идната пролет, но успеваме да го завршиме многу порано. Сакам да ви се заблагодарам за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од реконструкциите кои се интензивираат во овој период од годината.“, објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Тој нагласува дека пред 3 години по должината на целиот булевар беше изградена и велосипедска патека, која заедно со велосипедската патека на бул. Србија, како и оние на бул. Јане Сандански, АСНОМ и Александар Македонски, претставува важен велосипедски коридор кој ги поврзува Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.
„Изградбата на мостови и улици кои поврзуваат, кои обединуваат не смее да запре. Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради правилно и вложува онаму каде е најпотребно.“, потенцира Шилегов.