Граѓаните се чуварите на иднината и тие одлучуваат каква ќе биде иднината на државата, изјави премиерот Зоран Заев на вчерашната дебата во Клик плус на ТВ21 .
„Откако ќе се одберат членовите на Владата, пратениците, градоначалниците, советите, 4 години одговорноста е кај нив. Сега гајлето за изборите е кај граѓаните“, рече Заев.