ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев – Шмид: Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог

October 22, 2021 13:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ја прими Генералната секретарка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Хелга Шмид, која денеска и утре е во посета на нашата земја.
На средбата на која присуствуваше и шефот на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која, беше потврдена цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на продолжување на реформскиот процес, владеење на правото, подобрување на капацитетите на судскиот систем, јакнење на борбата против организираниот криминал и корупцијата и регионална стабилност и безбедност.

Соговорниците се согласија дека продолжува заложбата за интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и ОБСЕ, како и помошта која земјата ја добива во реализацијата на реформските процеси и во насока на продолжување на демократските процеси и остварувањето на стратешките цели на земјата, како што е полноправното членство во Европската Унија и поттикнување на европскиот развој.

На средбата се разговараше и за подготвителните процеси за идното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година, при што беше подвлечено дека тоа е признание за нашата држава.

Беше истакнато дека мултилатерализмот е одлична платформа каде малите земји можат на дело да го покажат својот капацитет и да одиграат важна улога на меѓународната сцена.

На средбата е поздравен придонесот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која дава поддршка и помага изминативе години да се спроведат реформските процеси.

Беше најавено дека поддршката кон Северна Македонија на демократскиот пат продолжува, во насока на реафирмирање на посветеноста и поддршката за завршување на започнатите успешни реформи, важни за развојот на државата и зачувување на безбедноста и стабилноста на регионот./МИА/.

Next Post
МИА

Северна Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со Шведска и Полска

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Форд повлекува над 312.000 возила поради проблем со сопирачките

August 8, 2025

Американска двојка доби здраво бебе од ембрион што бил замрзнат 31 година

August 8, 2025
Фото: ффм

Масев осуден на четири години затвор

August 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • OpenAI го претстави GPT‑5, достапен за сите корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е „Сторм-1516“- групата за дезинформации поврзана со Кремљ која стои зад руските лажни наративи што ја преплавуваат Европа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Масев осуден на четири години затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk