Овие избори се од исклучителна важност за нашите општини, за државата, затоа што исходот го трасира патот кон напредокот и развојот или кон враќање назад во мрачното режимско време, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека партијата е вистинскиот избор бидејќи изминатите четири години се поставени високи економски стандарди.
-Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари.Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра согласно економските движења и растот на економијата.
Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари, што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година.Тоа е вистинскиот пат по кој треба да се движи нашата земја, нашата економија.За да продолжи овој тренд на економски раст и развој, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството треба да се даде гласот за опцијата која води напред.А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за нашите општини, за нашата држава.Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот, велат од партијата.