Многу е важно да се знае фамилијарната позадина на Данела Арсовска ако сака да бид „мајка“ на градот. Треба народот да знае врз основа на кои заслуги била предложена за почесен козул, како татко и се стекнал со толкав имот во Скопје, вели Ѓорѓи Спасов. Одговорот на прашањето „што ќе се случи ако победат?“ се гледа – од авион. Пробан е низ повеќегодишната пракса на владеење, повторен е повеќепати, јасен е доволно за да допре до секого и да го оствари посакуваниот ефект, пишува Петрит Сарачини.
ФРОНТ И РЕНДГЕН
Знам дека си ти кога викам алооо… МВР излезе со податок дека на денот на изборите во Прилеп ниту едно возило не е испратено на вонреден технички преглед и дека, дури, ни една казна не е „пишана“ за непрописни возења. И тоа е практика што загрижува, а говори за тоа дека полицијата, навистина, има „политички“ резон во делувањето за време на избори, ама во спротивна насока од оваа за којашто сериозно се обвинува: дека е партиски злоупотребена од сегашната власт како механизам за притисок врз гласачите!, пишува во најновата колумна Сашо Орданоски.
Урбан сељачизам…ДПМНЕ никогаш не покажала значајни отстапки во гласачкото ткиво. Партијата се соочувала со фракции, со обиди за Народни, Вистински, Единствени и други вморонски облици на политички субјекти, но, ниту една од овие појави не успеале да ја разводнат, да ја раситнат гласачката машина на ДПМНЕ. Порано или подоцна, сите овие неуспешни обиди се враќале во јатото на ДПМНЕ., пишува Борче Трајковски.
Руска гас стапица.
ИЗБОРИ И ПОЛИТИКА
Спасов: Врз основа на кои заслуги за Унгарија, Данела била предложена од нив за почесен конзул во Македонија? Кога некој деновиве праша кое е нејзиното семејно стебло, кој и е татко, каков бизнис тие имале и врз основа на кој успех во нејзиниот личен бизнис таа смета дека би била добар менаџер, веднаш се јавува „адвокати” кои прашуваат: како не ви е срам да прашувате кој и бил татко и зошто тоа би било важно? А важно е. Како и во случајот со Трамп.
(ВИДЕО) Заев: Јас сум тука за да се борам. Внатре сум се борел комплетно за да го соединам ова општество, за едно општество за сите. Сум носел храбри одлуки. Јас сум тука да се борам, изјави премиерот Зоран Заев во гостувањете во дневникот на Сител.
СДСМ Скопје: Арсовска не знае ни колкав е буџетот на Град Скопје, а се кандидира за градоначалник. Токму затоа што не знае и избегнува новинарски прашања за нејзините мегаломански и утопистички ветувања, Данела Арсовска бега од дебати и соочувања со Петре Шилегов“, пишува по соопштението на СДСМ Скопје.
СДСМ: Ќе го заштитиме секој поединец од заканите за насилство. Да гласаме за број 12 за да продолжиме да живееме во мирна, безбедна и слободна држава“, се вели во партиското соопштение.
Шилегов: Mерките што ги преземаме против загадувањето даваат добри резултати во Скопје. Мерките се многу: субвенции за купување инвертери, нови автобуси на гас, користење на новиот инсенератор за третирање на медицинскиот отпад во Дрисла, засилени инспекциски контроли, подигање на нови зелени површини, кампања за пријавување на огнови на отворено преку телефонот 193, расчистување на дивите депонии, расчистување на стрништата, субвенции за велосипеди, електрични тротинети, за чистење на оџаци, додаде Шилегов.
Герасимовски: Нудам конкретни решенија за урбанизмот, хигиената и проблемите со паркирањето. Тој рече дека Моите три клучни пораки и проблеми коишто планираме првично да ги градиме тоа е доволно паркинг места со конкретен број на паркинг места и конкретни места каде што ќе се градат истите и секако хигиената на повисоко ниво, а тоа е со поврзување на комуналното претпријатие ПОЦ со дополнителен сектор со комунална хигиена каде што ќе го зголемиме бројот на вработени и опрема за да ја подигнеме хигиената“, изјави Герасимовски.
Весковски: Предвидена е изградба на две нови детски градинки во Карпош. Новите детски градинки се предвидени на две локации – едната во зоната покрај реката Вардар и на просторот околу некогашна „Алуминка“. Двата објекти ќе бидат од по 1480м2, на два ката со можност за згрижување од 130 до 150 деца од предучилишна возраст во еден објект. Тоа, пред сѐ, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст што се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места, вели Весковски.
Една третина од мрежата на Телеком подготвена за 5Г. Со досегашните активности една третина од мрежата на Телеком е подготвена за 5Г, а според планот во втората половина на 2022 година со 5Г сигнал ќе може да се опфатат две третини од населението, вклучително и градот Скопје.
Почнува исплатата на октомвриските пензии. Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.10.2021 година.
И. Т. З.